Искуство на читателка која сакаше да сподели корисен совет со читателите на НМД.мк. Таа ни пиша вака:

“Сите жени сакаат да имаат виткана коса, па исто така и јас. Синоќа дознав како тоа можам да го остварам.

Во моето место каде што живеам денеска врнеше дожд, па зедов една кофа, ја ставив на дождот за да се наполни. Потоа водата си ја собрав во едно шишенце со распрскувач и со тоа ја прскав мојата коса. Сега ми е виткана”, вели нашата драга читателка.

Сигурни сме дека не постои ниедна девојка која не слушнала од својата баба дека перењето на косата со дождовница е многу добро.

Секако, мора да се напомене, дека не секоја дождовница е добра за вашата коса. Во случај да живеете во загаден град, имајте во предвид дека овој метод не можете да го спроведете. Имено, воздухот во загадените градови е преполн со штетни материи, а истите се лепат на капките дожд и паѓаат на земјата во вид на “кисел дожд”.

Дождовница може да ја собирате само од еколошки чисти места каде не постои загадување. Доволна ви е само една канта и да причекате на дождот…

Зошто дождот ја витка косата?

Најпрво, да разјасниме: дождот не може мазната коса да ја претвори целата виткана во локни како што тоа го прават во фризерниците со употреба на агресивни хемиски препарати. Дождовницата предизвикува формирање на водородни врски помеѓу молекулите на водата и протеините од вашата коса, па на тој начин предизвикува создавање на кадрици и брановидност на косата. Оние што веќе имаат виткана коса, од дождот или влажниот воздух ќе им биде повиткана, со изразени локни, а оние со мазна, права коса ќе добијат брановидна, полувиткана коса со поголем волумен.

Зошто дождовницата е добра за косата?

Станува збор за мека вода која најмногу и одговара на вашата коса. Не содржи хлор од која водата станува тешка, а од неа косата се суши.

Дождовницата има висок квалитет, рН е неутрална, мека, не содржи дезинфекциони супстанции, соли, минерали и други природни и вештачки нечистотии.

Ако ја плакнете косата со неа, доволно е малку да ја загреете, па да ја ставите во леѓен и над кадата да ја исперете косата. Еве што би можеле да користите за оваа намена:

Шампон: литарски Афродита од лук
Регенератор: Диксон хербелан, без силикон
Дождовница за перење и плакнење
За локни: пиво + малку пантен крем

Ќе бидете воодушевени од резултатот. Веќе само после плакнењето ќе почувствувате дека косата ви е многу мека, а таква ќе остане и до следното миење.