Здрава диета која ќе ви го промени метаболизмот и ќе ослабете 25 кг

Целта на оваа диета е покрај намалувањето на килограмите да се постигне и промена во метаболизмот, со што се гарантира дека изгубените килограми нема да се вратат. Диетата трае 90 дена и за тоа време се слабее од 18 до 25 килограми. Ако е потребно да се симнат помалку килограми тогаш диетата може да се прекине, но тогаш не се случува промена на метаболизмот.

ПОЈАДОК: Се јаде овошје во текот на 90 дена. Секогаш во пар (2 јаболка, 2 круши, 2 портокали или грст бобинки). Диетата секогаш започнува со протеински ден а после овошниот ден се продолжува со протеински. РЕДОСЛЕДОТ НА ДЕНОВИТЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ МЕНУВА!!!

1.ДЕН-ПРОТЕИНСКИ

 Ручек: Варено или печено месо во количина еднаква на три хотелски шницли, едно парче леб, салата во неограничени количини и на крај се пие 200 мл супа без фиде. Наместо месо може да се изедат 3 варени или печени јајца. Млеко и сирење да се јадат само овој ден. Супата мора да се испие.

Вечера: Исто како за ручекот, само без супа. Половина од ручекот. Треба да се води сметка-ако за ручекот сте јаделе месо, тогаш и за вечера ќе јадете месо, а ако сте јаделе јајца, тогаш и за вечера ќе јадете јајца. Ако консумирате и сирење овој ден, тогаш количеството од месо или јајца ќе го намалите за количеството на сирење.

2.ДЕН-СКРОБЕН

Ручек: Варен грав, грашок, ориз, компир (едно од овие по избор), со додаток на зачини (сол, мешан зеленчуков зачин, црн пипер, доматен сос, оригано), парче леб и салата.

Вечера: Исто како за ручек, 50% помалку

3.ДЕН-ЈАГЛЕНОХИДРАТИ

Ручек: варени тестенини со додаток од зачини (шпагети) или пица со кечап.

Вечера: Две помали парчиња торта или 3-4 колачи или 3 топки сладолед и задолжително 1 ред чоколадо со висок процент какао.

4.ДЕН-ОВОШЕН

Ручек и вечера: само овошје.

Трипати за време на диетата (еднаш месечно) се држи ВОДЕН ДЕН (се пие само вода) кој секогаш доаѓа по овошниот и се продолжува со протеинскиот. Кафе и чај неограничено, без шеќер.

По завршувањето на диетата се јаде нормално, со тоа што овошјето останува како појадок уште 90 дена. Ако во следните 3 месеци од завршувањето на диетата се изгубат уште 3 килограми, значи дека дошло до промена на метаболизмот. Во спротивно, диетата треба да се повтори уште еднаш.

Можеби диетата делува комплицирано, но не е. Количината храна е поголема од онаа што нормално ја внесуваме, но и покрај тоа килограмите „бегаат“. Не треба да се губи надеж, бидејќи се случува дури по 10 дена тежината да не се менува, а потоа нагло се слабее.

Ако понекогаш ви се припие сок, пожелно е тоа да биде свежо цеден.

Ништо не смее да се прескокнува, секој продукт има своја намена и организмот не смее да остане без него. Чоколадото ги спречува алергиите кои се присутни токму кога се држат диети.

Пожелно е да се мери крвниот притисок и крвната слика. Сите оние кои ја држеле диетава изгубиле најмалку 10 кг без никаков здравствен проблем. Лицата кои патат од зголемен крвен притисок само по неколку недели немаат потреба да користат лекови.

Loading...