Куќната среќичка носи радост, среќа, пари и љубов во домот каде престојува

Куќна среќа (lat. Soleirolia soleirolii, Helxine soleirolii) е растение за кое се врува дека носи радост и среќа во домот каде се одгледува.

Може да биде и оригинален подарок, што јасно порачува колку среќа и радост им посакуваме на луѓето на кои им ја подаруваме.

Оваа билка ако ја сакате, ако и зборувате, ако и ги кажувате своите желби и се грижите за неа, ќе ви возврати како добра самовила која исполнува желби.

Се смета дека растенијата имаат емоции и дека чувствуваат, но и дека исто како луѓето имаат различни карактери. Куќната среќичка го добила името токму поради тоа што му носи среќа на домот каде престојува.

•Тоа е мало, нежно растение, со ситни кружни ливчиња, кое се развива многу брзо. Личи на мов, но иако навидум за него не треба многу нега, сепак бара редовно полевање, но не премногу; светлина, но не директно изложување на сонце; потхранување, но разредено…•

Треба да го сместите на многу светло место, но не на директно сонце. Не му одговара ниту превисока температура на воздухот, па така, веројатно нема да опстане во многу загреани простории. 

Земјата треба да биде постојано влажна, но не мокра. Затоа истурете ја водата од подлошката по залевањето. Секогаш полевајте го под ливчињата, за да не го оштетите. 

Еднаш месечно прихранувајте го со поразредено течно ѓубриво за лисести растенија. 

Не треба да се пресадува, бидејќи иако брзо расте, има мал и плиток корен кој сигурно нема да го исполни целиот сад. 

Убав грмушкаст облик може да добиете со обрежување на врвовите на растението во рана пролет. Тие резници може да ги употребите за размножување.

Едноставно ставете ги во мешавина од тресет и песок, и тие набрзо ќе пуштат коренчиња. Може да го размножувате и со делење на коренот. 

Loading...