Рецепт на рускиот доктор Савински

Потребни состојки:

½ литар медицински алкохол

½ кг домашен, квалитетен мед со саќе

0,75 л црвено вино со повеќе танини

½ кг кафе од цикорија

300 г листови од алое без боцки (да не се залева една недела пред употреба)

Стаклена тегла од 3-5 л

1 лажица прополис

Подготовка:

Купете алое кактус стар 2-3 години и не го залевајте една недела. Листовите од алое исчистете ги од боцките и смелете ги на машинка за мелење месо, истото на правете го со медот а потоа додајте ги останатите состојки и добро промешајте. Теглата затворете ја и оставете ја на некое темно и студено место да отстои две недели (не во фрижидер) .

Процедете низ газа и складирајте во темни стаклени шишиња или тегли. Првите пет дена се пие трипати дневно по едно кафено лажиче на гладно, и не треба да се јаде еден час, а потоа се продолжува трипати дневно по една супена лажица.

Делува на повеќето видови цисти, посебно врз оние на дојките. Исто така, може да се користи за астма, бронхитис, за чистење на крвните садови и за малигни заболувања.

Внимание: Времетраењето на третманот не треба да надминува 2 месеци годишно. Еликсирот не треба да се користи за време на бременост. Исто така, не треба да се користи за време на хемотерапија и радиотерапија, или кога е забрането употреба на алкохол.