Засадете украсна божиќна пченица за да ви биде бериќетна годината

Се наближуваат новогодишните празници а кај луѓето полека се зголемува расположението и желбата за украсување на нивните домови. Порано оваа божиќна пченица, традиционално се засадувала за Свети Никола…

Една од варијантите, полесната е – да ја засадите пченицата на влажен памук или натопена тоалетна хартија во чинија, да ја оставите на топло место и да ја залевате по потреба (но не премногу).

Меѓутоа, голем недостиг на овој начин е непријатниот мирис кој се испушта кога пченицата ’рти и оззеленува.

Затоа, можеби класичниот начин за садење на пченица е најдобар, односно во земја.

Не е потребно многу земја, ниту многу пченица. Доволно е во плиток сад да ставете земја, преку неа да распоредите зрна пченица, па да ставете уште малку земја.

Земјата не треба да се залева многу за да не изгнијат зрната, а доволно е само да ја испрскате секој ден.

Не заборавајте во средината од садот или чинијата да оставите место за свеќа, која ќе ја запалите на божиќната трпеза…

Претходна статијаКолач со виљушка од само 4 состојки – излегуваат 90 перничиња!
Следна статијаКУБАНКИ: децата многу ги сакаат и секогаш бараат уште – од 1 кг брашно добивате 62 кубанки