Потребни состојки:

1 кг брашно
400 мл масло
500 мл млеко
1 свеж квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички сол

Уште е потребно:

150 г салама
2 жолчки
Сусам, ким

Постапка:

Во топло млеко ставете квасец и шеќер, оставете некое време да се активира квасецот, па додадете брашно, сол и масло. Замесете убаво, меко и мазно тесто.

Од тестото правете мали топчиња со величина на орев, па редете ги на масата и оставете ги 15-тина минути да киснат и да се удвојат.

Земете едно топче, па на работна површина со оклагија развлечете долгнавеста кора на која ќе ставите неколку тенки, долгнавести ленти од салама, па свиткате ја кората во вид на пура.

Кубанките се редат на тепсија обложена со хартија за печење.

Премачкајте со жолчки, наросете со сусам или ким, па ставете во рерна на 180 степени и печете околу 20-тина минути, додека да заруменат.

Од овие состојки добивате 62 кубанки.