Колач со виљушка од само 4 состојки – излегуваат 90 перничиња!

Потребни состојки:

1 ½ путер/маргарин

500 г меко брашно

1 прашок за печиво

½ чаша кисела павлака

Постапка:

Тестото замесете го од сите состојки па исукајте го во тенка кора (малку нараснува додека се пече).

Со чаша или со модла сечете тркалца, во средината ставајте џем (не многу за да не истече).

Превиткајте на половина и спојте со виљушка.

Од оваа смеса излегуваат околу 90 перничиња.

Печете на 180 степени, околу 12-15 минути.

Уште додека се топли валкајте ги во шеќер во прав.

Претходна статијаРАФАЕЛО ТОРТА за 25 минути – за неа велат дека е кралица меѓу тортите
Следна статијаЗасадете украсна божиќна пченица за да ви биде бериќетна годината