“Зимско утро” е топол напиток кој се приготвува од лимон и ѓумбир и одличен е за почетокот на денот.

Секое утро, бидејќи деновите стануваат се постудени и постудени, многу е важно да се напиете една шолја од овој моќен чај од лимон и ѓумбир.

Со силен вкус, овој напиток дава енергија и ја поттикнува циркулацијата. Лимонот во него извонредно делува врз стимулацијата на плунковните жлезди и врз работата и здравјето на нашите црева.

Постапка: Изрендајте поголемо тркало ѓумбир и со прстите исцедете го неговиот сок во шолја за чај. Значи, потребна ви е една лажичка сок од ѓумбир.
Потоа прелијте го ѓумбировиот сок со врела вода и оставете да отстои 2-3 минути, а потоа додадете и исцеден сок од половина лимон.

На крај додадете лажичка мед, промешајте и напитокот пијте го полека, во мали голтки. Доколку имате алергиски тегоби и патите од затнати дишни патишта, секрет во носот или синусите, тогаш се препорачува следниот напиток:

Во тенџерче со вода ситно исечкајте или изрендајте ѓумбир, а лимонот исцедете го. Сето заедно ставете го на оган додека да зоврие, а потоа поклопете и оставете 5 минути да отстои. Процедете, засладете со мед и полека пијте го. За една шолја чај потребни ви се околу една супена лажица рендан ѓумбир и сок од половина лимон.

ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА НА ЧАЈОТ: Многу поволно делува врз работата на дигестивниот тракт и е силен напиток за чистење кој поттикнува елиминација на токсините.

Овој чај е многу лековит за лекување на подуеност, а им се препорачува и на лица кои немаат апетит или пак имаат проблем со вишок на килограми. Бидејќи загрева, им се препорачува и на лица со слаба циркулација.

Им се препорачува на лица кои патат од потешкотии во работата на респираторниот тракт, зголемено лачење на слуз и непријатно чувство на тежина.