Одлично природно ѓубриво и најдобар пестицид против растителни вошки. Покрај водата што најногу им е потребна, можете повремено да ги наводнувате растенијата и со млеко. Еве зошто тоа е добро:




1. Одлично ѓубриво. Калциумот што се наоѓа во млекото помага во зајакнување на растенијата, а другите минерали и витамини ги штитат од болести од кои најчесто билките заболуваат..




2. Деконтаминатор. Употребата на млеко придонесува за деконтаминација на површината на која и е потребен еден ваков третман, особено ако знаете дека почвата претходно била третирана со некоја супстанција.




3. Помош во споречување на габични заболувања. За б орба против габични заболувања на растенијата, испрскајте ја површината на растението со млеко (на собна температура).




Измешајте една чаша млеко со 2-3 чаши вода, за да постигнете максимален ефект. Прскајте ги листовите со овој раствор на секои 10 дена. За да бидете сигурни, не заборавајте секогаш да го користите на почетокот од сезоната.




4. Го подобрува квалитетот на земјата. Земјата апсорбира масти и витамини од млекото, што значително го подобрува нејзиниот квалитет. Некои луѓе тврдат дека имале одлични резултати со млеко во прав, кое го наросувале директно на почвата или го растворале во вода.




5. Ги штити доматите од плевел и болести. За да ги заштитите доматите од плевел и болести, направете раствор од 1 чаша млеко и 9 чаши вода и залевајте ги со ваков раствор доматите, некаде до средината на летото.




6. Заштитува од растителни вошки. Растителните вошки се неизбежни што раззеленат младите билки, а особено ги сакаат розите и доматите. Кравјото млеко е особено ефикасно при одбивање на вошките од растенија. Прскајте ги со раствор од млеко 1:2 или 1:3.




7. Млеко и меласа. Само млекото може да биде многу корисно во градината. Меѓутоа, доколку се помеша со меласа, станува уште поефикасно. Оваа мешавина ги прави растенијата посилни, а исто така го спречува растот на плевелите.