Потребни состојки: 2 помали тиквички или една поголема (300 г), 2 јајца, 2 лажици масло, 1 лажичка сол, 3 лажици бело брашно, 2 лажици пченкарно прашно, 1 кесичка прашок за печиво, 150 г рендан кашкавал, малку масло




Постапка: добро измијте ја тиквичката и отсечете ги краевите. Потоа изрендајте ја од крупната страна на рендето. Посолете и оставете малку да отстои, па добро истискајте ја изренданата тиквичка за да излезе сокот од неа.




Потоа додајте две јајца, две лажици масло и посолете, па промешајте. Во смесата додајте и 3 лажици бело и 2 лажици пченкарно брашно, 1 прашок за печиво, па добро промешајте за да се распоредат состојките. на крај промешајте и 150 г рендан кашкавал.




Плехот малку намастете го, па обложете го со хартија за печење. И хартијата малку намастете ја. Црпете со лажица, па по една полна супена лажица спуштајте врз хартијата на одредено растојание и малку обликувајте ги за да имаат правилна форма.




Од оваа количина приближно излегуваат 12 големи плескавици. Одозгора наросете ги со две супени лажици масло и ставете ги во загреана рерна на 220 степени да се печат околу 15 минути, односно додека убаво да заруменат. Постапката можете да ја погледнете ОВДЕ. Прочитајте и како можете да направите суперкрцкави тиквички од рерна:




Похувани тиквички со сусам од рерна – однадвор крцкави, а внатре сочни

Рецепт и видео презентација на Ивана од Шерпица – Похувани тиквички со сусам од рерна – однадвор крцкави, а внатре сочни. Многу, многу вкусни. Однадвор крцкави, внатре сочни, многу добар вкус.




Самата подготовка е многу брза и поеднаставна, бидејќи се пече во рерна и не троши многу масло. Уживајте во рецептот и комбинирајте го со салати, сосови или прилог од зеленчук.




Потребни состојки: 2 средни тиквички, 4 јајца, 150 г пармезан, 3 лажици сусам, 5 лажици презла, 3 лажици брашно, сол и масло (2 лажици за цела тепсија)

Постапка: Тиквичките добро измијте ги и исечете ги на тркалца или надолжно на тенки ленти. Посолете ги и оставете ги малку да ја испуштат течноста од нив. Потоа процедете ги од вишокот течност.




Во еден сад измешајте брашно, презла, пармезан, сусам, а во друг сад изматете ги јајцата и посолете ги. Секоја тиквичка прво натопете ја во јајцата, па во мешавината од пармезан, па повторно во матените јајца и на крај во сувата мешавина.




На овој начин ќе го обезбедите надворешниот слој, кој откако ќе се испечат тиквичките ќе им даде дополнителна вкусност и крцкавост. Вака подготвените тиквички редете ги во плех обложен со хартија за печење и малку намастен со четка натопена во масло.




Врз секоја тиквичка ставете по некоја капка масло, па ставете да се печат приближно 20-25 минути во загреана рерна на 200 степени. Уживајте додека се топли, но и кога ќе изладат се супер. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.