Мешавината од вода и грејпфрут ќе го подобри целокупното здравје на организмот и ќе го забрза метаболизмот.

Потребни состојки:

½ грејпфрут
1 лажица млади ливчиња од рузмарин

Постапка:

Исцедете го сокот од грејпфрутот, додадете малку вода ако сакате да го разредите и промешајте мало гранче рузмарин. Оставете го да отстои неколку часови во фрижидер.

Потоа испијте го на гладно или помеѓу оброци, најмалку два часа од последниот оброк.

Овој напиток ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми, да го подобрите метаболизмот и целокупното здравје.

Грејпфрутот е богат со витамин Ц и не содржи калории. Додека го пиете овој напиток, би требало да се придржувате и кон некоја рестриктивна диета која вам ви одговара.

Третманот се применува во времетраење од 12 денови, а за овој период може да изгубите дури и 5 килограми.