Фото: Питопи Карбошиќ

ПОХУВАН БАГРЕМ и ПАЛАЧИНКИ ОД БАГРЕМ

Мирисните цветови на багремот се јадат, имаат сладок вкус, а се берат на суво време и по можност наутро. Може да се чуваат и до два дена во фрижидер ако не можете веднаш да ги приготвите.

Познато е јадењето од багремови цветови кои се похуваат, во тесто за палачинки на најразлични начини, во слатка или солена варијанта.

Ги похувате така што убаво измиените цветови од багрем ги валкате прво во брашно, па во матено јајце и на крај во презла, па ги пржите во врело масло од двете страни. За палачинки:

Потребни состојки:

-густо тесто како за палачинки приготвено од јајца, млеко, брашно, прашок за печиво, малку масло и прстофат сол.
-Цветови од багрем
-мелен шеќер ароматизиран со ванила за наросување

Постапка:

Направете тесто, малку погусто од она за палачинки. Цветовите од багрем, исчистете ги од цврстите петелки и додадете ги во тестото. Добро загрејте го маслото, па зафаќајте со кутлача и пржете ги палачинките додека да бидете задоволни од бојата, а мирисот самиот ги привлекува гостите.

Шеќер нема потреба да се додава во тестото. Подоцна обилно наросете врз палачинките или похуваните палачинки.

ЧАЈ ОД БАГРЕМ

1 лажичка цвет од багрем се прелива со 250 зовриена вода и се остава поклопено 15 минути. Се процедува и се пие за проблеми со респираторниот систем. Се засладува со мед од багрем.

Багремов сок за намалување на холестерол, болки во желудник и отпорност на организмот

Сезоната на бел багрем започна, па затоа сега е идеална пригода да го пробате овој извонреден и здрав напиток, додека ова чудесно и миризливо дрво е во полн цвет.

Белите миризливи цветови лачат многу нектар, вксуни се да се јадат така, во салата, во чај, или похувани.

Содржат многу витамин Ц, етерични масла, смола, флавонски гликозид, акацин.

Иако од багремот може да се направи сируп на истиот начин како што се прави и од бозел, ние ви предлагаме да го пробате свежиот сок од багрем во кој остануваат сочувани сите хранливи и лековити својства на оваа билка.

Постапка:

Цветовите од багрем се берат додека се’ уште се отвораат, бидејќи тогаш се најбогати со здрави состојки.

Набраните гроздови редете ги во стаклена тегла, додека теглата да се исполни.

Зовријте вода и оставете да излади, а потоа наполнете ги теглите со вода. Во секоја тегла додадете сок од еден лимон, поклопете и оставете да отстои 24 часа.

Потоа сокот процедете го и додадете мед колку сокот да биде нешто појако благ, бидејќи при послужување се разредува со вода во однос 1:1

Од секоја тегла ќе добиете околу половина литар чист сок, што значи дека при мешање со вода добивате еден литар сок по тегла.

Сокот треба да се пие веднаш, а до употреба да се чува во фрижидер, најмногу неколку седмици.