Заборавете на сите испробани методи – Икањето најдобро се сопира со еден алкохолен пијалак

Заборавете на „задржување на здивот“, пиење на мали голтки вода, туку набавете го овој алкохолен пијалак!

Икањето не е болно, но е доста непријатно, особено кога упорно не можете да престанете да икате. Особено е непријатно и вознемирувачки кога сте на работа или на некој собир со луѓе, па се обидувате да пиете вода, да го задржите здивот, но тоа упорно не престанува.

Следниот пат кога ќе добиете напад на икање, се’ што ви е потребно е некој горчлив алкохолен пијалак, на пример ликер од пелин и парче лимон.

Натопете го лимонот со овој пијалак и веднаш изедете го или џвакај те го една-две минути, ако така повеќе ви годи. Можете малку да наросите и шеќер одозгора, ако ви пречи горчината.

„Њујорк тајмс“ пишува дека д-р Џеј Хауард Херман од Бостон спровел мала студија на таа тема, и дека за своите заклучоци пишувал во Медицинското списание Нова Англија уште во 1981.

Д-р Херман, додуша, не успеал да утврди која точно состојка од споменатата комбинација го стопира икањето, но забележал дека овој „лек“ го стопира икањето кај дури 88% од случаите, пренесува Woman’s day.

Претходна статијаДневен хороскоп за вторник 19 декември
Следна статијаСамо еден е вистинскиот начин – проверете дали ПРАВИЛНО смукате!