Следниот пат пред да започнете со користење на правосмукалката, иако тоа го правите цел живот, сепак проверете дали се придржувате до безбедносните мерки на претпазливост, а потоа проверете дали смукате на вистинскиот начин:

-Наместете ја продолжителната цевка на должината која ви одговара.
-Избегнувајте да се наведнувате додека чистите со правосмукалката.
-Не ја користете долго време без да направите пауза.
-Секогаш одмотувајте го кабелот за струја до крај.
-Проверете дали кабелот е правилно приклучен во струја и безбедно вклештен.
-Не го влечете кабелот околу остри рабови и под врати.
-Не го исклучувајте кабелот од струја со тргање.
-Не го допирајте приклучокот за струја со влажни раце.

Како правилно се смука:

Ако како и повеќето, додека смукате, цевката на правосмукалката ја движите само напред-назад, еве вести за вас: Тоа не е најдоброто решение, постои нешто многу поделотворно за нечистотијата, особено за онаа што е скриена длабоко во теписите.

Смукањето со кратки и брзи движења напред-назад е погрешно, велат експертите, бидејќи така нема да ги исчистите теписите и подовите како што треба.

Треба да знаете дека вистинските професионалци смукаат во редови. Најпрво одат со правосмукалката до едниот ѕид, па потоа го смукаат редот покрај него, одат назад до спротивниот ѕид во следниот ред. Значи цело време одат со правосмукалката кон напред.

Потоа откако ќе се помине целата просторија, се започнува од третиот до четвртиот ѕид. Овој метод е одличен за чистење на длабоката нечистотија во теписите.