Заборавете на мусли и корнфлекс, ПАЛЕНТАТА е оброкот за вас доколку сакате да ослабете. Палентата е најздравиот оброк кој се препорачува да се јаде секојдневно, но освен што спречува голем број на болести, палентата е исклучително вкусно јадење.




Палентата не содржи глутен, па можат да ја кoнсyмиpaaт сите, дури и оние кои имаат проблем со цревата и стомакот и се интолерантни на лактоза. Исто така претставува идеален оброк за малите деца и за оние кои внимаваат на своите килограми и оние кои сакаат здраво да се хранат.

Овој вкусен оброк содржи доволно минерали, нутриенти и витамини колку што му е потребно на телото за да функционира. Палентата има голем придонес во спречувањето на разни болести како и за целокупното здравје на човекот.




Палентата е одличен оброк за намалување на вишокот килограми. Таа се добива од пченкарно брашно, а пченката се смета за најздравата житарица во светот. Таа е една од најдобрите намирници наменети за правилно функционирање на човековиот организам која му обезбедува на телото сила и енергија.

Пченкарното брашно содржи низа хранливи вредности. Ова брашно е голем извор на фолна киселина, витамин Б, витамин К и Е, пантотенска киселина, тијамин, рибофлавин и нијацин. Исто така изобилува со фосфор, магнезиум, цинк, калциум, бакар, селен и манган.



Научно е докажано дека кoнcyмиpaњeтo палента ја спречува појавата на сите воспалителни процеси во телото и помага во лекувањето хемороиди. Палентата ги зајакнува ѕидовите на тенкото и дебелото црево, но влијае и антиоксидативно на целиот организам.




Исто така, го намалува вишокот холестерол благодарение на добрите масти кои ги содржи, како и големиот број диететски влакна. Тоа значи дека еден оброк ќе ве засити неколку часа после јадење, а со тоа ќе спречите покачување на килограмите, а ќе обезбедите и редовно празнење на цревата.




МЕНИ ЗА 4 ДЕНА

Ден 1: 300 г палента, 1 краставица, 1 домат, 1 јаболко, 2 литри вода. Сето може да се подели на 2 или 3 оброка. Ден 2: 400 г палента, 1 краставица, 1 домат, 1 јаболко, 2 литри вода. Сето може да се подели на 2 или 3 оброка.




Ден 3: 500 г палента, салата од 300 г зелена марула, 200 г свежа салата од зелка, 2 моркови, малку сок од лимон и 1 лажичка маслиново масло, 2 литри вода, 3 чаши зелен чај без шеќер. Сето поделете го во 3 или 4 оброци, во зависност од чувството на глад.




Ден 4: 600 г палента, салата од 300 г зелена марула, 200 г свежа салата од зелка, 2 моркови, малку сок од лимон и 1 лажичка маслиново масло, 2 литри вода, 3 чаши зелен чај без шеќер. Сето ова поделете го во 3 до 5 оброци, во зависност од чувството на глад.




Се разбира, само 4 дена не се доволни за да намалите доста тежина. Важно е да ги промените ло-шите навики на долг рок со цел да ги намалите вишокот к илограми и да го подобрите вашето здравје. Лебот и колачите дебелеат, па во текот на овие 4 дена ќе мора да се откажете од лебот.




Подготовка на палентата. Палентата може да ја подготвите на повеќе начини. Секој начин е многу лесен и брз за подготвување.

Во лонче или тенџере, ставете 3,5 шолји вода. Потоа додајте неколку капки сончогледово масло и прстофат сол и промешајте. Кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата на која готвите и додајте една шолја палента со постојано мешање.




Подготвената палента мешајте ја додека да згусне и послужете ја со сирење, јогурт или кисело млеко. Во палентата може да додадете семки или вашиот омилен зеленчук. Благопријатно ќе делува на вашите црева и стомакот ќе ви благодари.

NMD.mk