Забите всушност ги миете во погрешно време – еве кога треба

Миењето заби е рутина која ја обавуваме секојдневно, во временски период кој им одговара на вашите животни навики. Сепак, еден стоматолог за Гламур открива дека повеќето луѓе ги мијат забите во погрешно време.

Забите треба да се мијат често и темелно, но дали знаевте дека сепак постои одреден период од денот кога би требало да го одбегнувате нивното миење?

Според мислењето на стоматологот Марк Хјуџс, забите никогаш не би требало да ги миете после појадок.

-Во случај да ги миете забите после појадок, на тој начин вие всушност ја разнесувате преостанатата киселина во устата, со оглед на тоа што се потребни околу 40 минути таа да се разгради – објаснува Марк.

Со самото тоа, тој напоменува дека забите би требало да се мијат пред појадок, значи наутро по станување од спиење и навечер пред легнување. На тој начин подобро се отстрануваат бактериите од усната шуплина, за заштитуваат и се зајакнуваат.

Претходна статијаФармацевтите во шок: Рецепт за домашен крем кој ги брише брчките и акните како со гумичка
Следна статијаСтавете лук и фластер на кожата – ќе ве изненадат овие промени