За здравје на срцето, добар холестерол и одлична меморија, јадете ја оваа риба двапати седмично

Рибата е една од најважните намирници кога станува збор за здрава исхрана. Таа е извор на голем број протеини, здрави масти, многу витамини и минерали што му се потребни на нашето тело.




Нутриционистите препорачуваат консумирањето на разновидна риба (речна и морска) да се вклучи во исхраната, но од научна гледна точка може да се утврди која риба е најдобра.




Првото место од списокот на најздрави риби и припаѓа на туната. Туната и лососот се едни од најважните риби кои изобилуваат со многу нутриенти. Туната е богат извор на високо квалитетни протеини. Ги содржи сите есенцијални аминокиселини и совршено се апсорбира од телото.




Протеините се главниот градежен материјал на нашето тело од кардиоваскуларни до мускулно – скелетни. Туната содржи 21 г протеини на 100 г риба, што значи дека само една порција може да обезбеди една третина од дневните потреби.




Исто така, туната не содржи јаглехидрати и не содржи голем број на масти (помалку од 1 г на 100 г), што ја прави идеален производ за оние кои активно се занимаваат со спорт или едноставно пазат на својот дневен внес на калории. Покрај тоа, комплексот од витамини и минерали содржани во туната има корисен ефект врз функционирањето на нервниот систем.




Туната ја подобрува меморијата и концентрацијата. Овој вид риба не содржи холестерол, а во исто време е богат со витамини од групата Б, калиум и магнезиум, што ја прави особено добра за срцето.




Витаминот Д, кој исто така го има во туната, помага во апсорпција на калциум, ја одржува цврстината на кос-ките, го забавува процесот на стареење, па дури и го стимулира производството на хормонот на среќата наречен серотонин.




Туната е една од најздравите риби што треба да ги додадете во вашата дневна исхрана. Оваа храна е одличен извор на високо квалитетни протеини кои исто така имаат малку маснотии како што напоменавме претходно.




Без разлика дали туната ја кон-сумирате од конзерва или подготвена на скара, туната е исклучително здрава храна. Богата е со хранливи материи бидејќи содржи минерали како калиум, селен и магнезиум.




Покрај тоа, содржи големи количини на витамин Б комплекс и омега – 3 масни киселини, кои се клучни во одржување на целокупното здравје. Ги намалува симптомите на депресија, го зајакнува имунитетот, го штити срцето, го подобрува здравјето на мозокот и ја ублажува б олката во зглобовите.




Туната е единствениот природен извор на DHA и EPA, специјални видови на омега – 3 масни киселини кои го подобруваат здравјето на срцето и мозокот. Кон-сумирањето на туна има и многу други придобивки.

Ја спречува појавата на рак

Селенот во туната спречува некои форми на р ак како што се р ак на панкреас и р ак на секој о рган кој има улога во варење на храната како што се устата, желудникот, хранопроводот, гркланот и дебелото црево. Омега – 3 масните киселини присутни во туната спречуваат р ак на дој-ка и исто така го намалуваат ризикот од леукемија.

Го зачувува здравјето на очите

Состојбата наречена дегенерација на макула, што предизвикува влошување на видот, е водечка причина за слепило кај луѓето постари од 50 години. Омега – 3 масните киселини присутни во туната спречуваат појава на оваа состојба.

Помага во губење на вишокот килограми

Педесет проценти од дневните потреби за протеини може да се добијат од мал дел од туна, што е само 110 калории. Туната е одличен избор доколку сакате да ја контролирате телесната тежина или да изгубите вишок килограми. Сепак, сла-беењето зависи и од начинот на кој ја јадете туната, така што комбинацијата од туна и мајонез нема да ве доведе до посакуваните резултати.

Учествува во процесот на детоксикација

Селенот присутен во туната е важна состојка во производството на глутатион пероксидаза. Овој неопходен антиоксиданс им е потребен на луѓето за одржување на здравјето на црниот дроб. Функцијата на овој ор-ган е детоксикација и ослободување на организмот од штет-ни материи како што се пестициди, лекови и теш-ки метали.

Го штити срцето и целиот кардиоваскуларен систем

Диетата богата со туна го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Омега – 3 масните киселини исто така помагаат во намалување на згрутчување на кр-вта и спречуваат срцев и мозочен у-дар. Туната спречува воспаление и формирање на тромб во циркулацијата.

Го одржува здравјето на мозокот

Редовното кон-сумирање на туна во текот на неделата спречува појава на Алцхајмерова болест. Ова е затоа што омега – 3 масните киселини спречуваат воспаление и го стимулираат протокот на к рв во мозокот. Ниацинот присутен во туната игра важна улога во одложувањето на губењето на меморијата и ја намалува веројатноста за појава на многу болести.

Колку често може да се кон-сумира туна?

Општо е познато дека туната треба да се кон-сумира двапати неделно за да се задоволат нутритивните потреби на омега – 3 масни киселини, а други т.н. добри извори се и лососот, сината риба (туна, сардини, скуша) и пастрмка.

Со оглед на тоа што оваа риба се подготвува за многу кратко време и не се потхранува со вештачка храна (дури ни при одгледување), таа е прва опција при изборот на задоволување на дневните нутритивни потреби односно здрави масти.

Сепак, туната може да биде и извор на тешки метали, особено жива. Тоа зависи од начинот на одгледување на рибата. Метилмеркуријата се внесува во организмот преку храна, исклучиво преку морска храна, а особено ризични се големите предаторски риби, како што се туна или сабјарка.

Според тоа ризикот од кон-сумирање на туна се смета за многу мал процент бидејќи најчесто рибата во нашите области е добро одгледувана и безбедна за кон-сумирање. Потребно е да се кон-сумира риба до двапати неделно, вклучувајки туна и некој друг вид на риба.

Туната може да се подготвува на повеќе начини. Може да ја комбинирате во салата со свежа марула, домати, варени јајца. Ова е еден од најчестите начини на кон-сумирање на туна за време на диета.

Може да става како сос во тестенини, во комбинација со малку доматен сос. Или пак да ја подготвите печена на скара и да ја послужите со салата од компир и кромид.

Изјава за одрекување од одговорност:

Оваа содржина, вклучувајќи ги и советите, дава само генерички информации за здравствените придобивки на одредени природни производи. Ова во никој случај не е замена за квалификувано медицинско мислење. Секогаш консултирајте се со специјалист или со вашиот матичен лекар за повеќе информации. NMD.mk не презема никаква одговорност за овие информации.

Претходна статијаУтре е Света Недела: Еве што треба да направите и да си кажете, за да ве прати здравје и среќа целата година
Следна статија5 народни рецепти за лекување на проблемите со панкреас, ги смирува грчевите и бoлкaтa