За упорна кашлица најдобар е сирупот од жалфија – направете го сами по ОВОЈ рецепт

Кашлицата кај децата, но и кај возрасните, може да биде многу упорна и досадна и да трае многу долго. Кога се децата во прашање, главно купуваме сирупи на билна база, но најдобро е да ги приготвиме сами.

Станува збор за сируп од лековитата жалфија кој е многу ефикасен при лекувањето на настинки и грип.

Како се прави овој сируп?

1.Сварете чај од 40 грама жалфија и 600 мл вода.

2.Оставете поклопено неколку минути, па процедете.

3.После тоа, на тивок оган истопете 300 г шеќер.

4.Полека истурете го чајот во карамелот и мешајте со дрвена лажица додека шеќерот сосем да се растопи.

5.Оставете сирупот да се излади.

6.Преточете го во стаклен сад и чувајте во фрижидер.

Се пие растворено во млак чај или млеко (по 1-2 супени лажица во една чаша напиток).

Може да го приготвите и според следниот рецепт:

Потребни состојки:

200 мл мед

2 супени лажици лимонов сок

1 полна лажица сува жалфија

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во еден сад со капак. Садот ставете го врз друг, поголем, исполнет со зовриена вода. Оставете горната смеса добро да се загрее на пареата.

Кога ќе биде загреана, тргнете го огнот (од водената пареа) и замотајте го садот во ќебе, или на топло, да отстои уште 20-тина минути.

Процедете и складирајте во чиста стаклена тегла или шише.

Употреба: за деца по една мала лажичка 3-4 пати дневно. За возрасни по една супена лажица, 3-4 пати дневно.

Сирупот можете да го чувате во фрижидер неколку месеци.

Овој сируп не само што ја ублажува упорната кашлица, туку помага и при болно грло, бидејќи жалфијата во неговиот состав поседува антибактериски својства и делува како антипиретик.

Loading...