Ненадминлив лек за имунитет со издлабен лимон наполнет со мед и…

Природен лек кој помага при подигање на имунитетот и искашлувањето. Пробајте да го направите, едноставно е.

Се’ што треба да направите е да го издлабите лимонот, односно да ја извадите пулпата од лимонот, така да остане само кората, со тоа што ќе го исечете врвот и ќе добиете мала импровизирана „тегличка“.

Доколку лимонот не е домашен, тогаш пред започнување на постапката убаво ќе го измиете лимонот а потоа ќе го избришете со чиста крпа.

Во импровизираната „тегличка“ ставете мед, една лажичка лимонов сок и една лажичка рендан корен од ѓумбир. Нека се исполни речиси до врв.

Вака приготвениот лимон (или повеќе лимони) сместете ги во стаклен сад, затворете и чувајте во фрижидер.

Најдобро е да отстои неколку денови пред консумација.

Се препорачува да се користат две до три лажички дневно, во текот на еден месец. Видно ќе се чувствувате подобро и поенергично.

Претходна статијаКако да го заштитите домот од крадци со помош на огледало
Следна статијаЗа упорна кашлица најдобар е сирупот од жалфија – направете го сами по ОВОЈ рецепт