Симптомите на стресот се многубројни и непријатни. Главоболка, дигестивни пречки, несоница и нервоза се само некои од нив кои можете да ги решите за само неколку минути и тоа со притискање на една точка.

Стресот е секојдневна појава од која многумина од нас се погодени. Покрај нервозата, стресот има и бројни физички симптоми како што е главоболка, недостиг од енергија, пад на имунитетот па дури и дигестивни проблеми.

Кинескиот медот за лекување познат како акупресура објаснува дека на човековото тело постојат одредени антистрес точки со чија стимулација телото започнува да се опушта и да се ослободува од стресот.

Една од тие точки се нарекува Shen Men, што во слободен превод значи „Порта на рајот“. Со притисок на оваа анти-стрес точка значително се намалува стресот, се зголемува енергијата и се јакне имунитетот, а исто така може да ја намали и болката. Точката се наоѓа во внатрешниот дел од горниот дел на ушната школка, а со лесно триење таа се активира.

УПАТСТВО:

1.Со стапче за уши притиснете ја оваа точка и започнете нежно да ја масирате.

2.Дишете длабоко и наслушнувајте го дишењето.

3.Додека вдишувате гледајте во лева, а во текот на издишувањето гледајте во десна страна, но без да ја движите главата.

4.Постепено ќе почувствувате како вашето тело се опушта, а симптомите од стресот се намалуваат.

СОВЕТ:

-Точката на увото можете да ја масирате и со врвот од прстите.

-Масирајте ја точката секогаш кога ќе почувствувате дека сте под голем стрес.

-Оваа постапка можете да ја повторувате секој ден пред спиење.