За подобрување на имунитетот, важна улога играат овошјата и зеленчукот кои кај нас се достапни речиси преку целата година. Кога одредено овошје ќе се надополни со уште неколку состојки како што е пчелиниот мед и некои лековити зачини и билки, се добива совршена комбинација која е многу здрава.




Следниот народен рецепт е познат уште од древни времиња. Посебен ефект има врз бавната функција на дебелото црево, подуеност и гасови. Кога телото е во добра состојба, тоа се рефлектира врз состојбата на кожата и обратно. Самите моркови имаат многу позитивни ефекти врз телото благодарение на влакната и витамините кои ги содржи.




Овој лек им бил познат и на нашите баби кои го користеле за проблеми со цревата и за враќање на свежината на кожата. Посебен ефект има врз бавната функција на дебелото црево, подуеност и гасови. Овој лек исто така, успешно ќе го реши проблемот со хроничниот запек, а се подготвува вака:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 поголеми моркови, 1 лажичка мед, прстофат мелен црн пипер, половина лажичка масло. ПОСТАПКА: Изрендајте ги морковите во сад и додајте ги другите состојки. Мешајте додека да се соедини и лекот е подготвен за употреба.




Се препорачува мешавината да се јаде како појадок, а потребно е да се конcyмира половина час по будење. По 10 дена редовна употреба, ќе забележите подобрување и чyвство на леснотија во стомакот. Пробајте го и следниот лек кој е делотворен за истите проблеми кои се опишани погоре, за чистење на белите дробови и подобрување на целокупното здравје:




Потребно ви е: 250 мл свежо цеден сок од морков, подготвен во соковник, 2 лажици мед и малку вода. ПОСТАПКА: Накратко згответе го сокот од морков заедно со водата на ниска температура со постојано мешање на смесата. Оставете да се излади, додајте го медот и складирајте во тегличка, па веднаш започнете со конcyмирање на лекот.




ТРЕТ РЕЦЕПТ: Подгответе 500 г  морков и 4 лажици мед. Морковот исчистете го и исечете го на крукчиња. Ставете го во сад и одозгора прелијте со вода, онолку колку морковот да биде цел натопен во водата.

прелијте ги со вода и сварете ги кратко додека да омекнат




Згответе накратко додека морковот малку да омекне. Потоа процедете ја водата од тенџерето и морковот испасирајте го во блендер. Водата во која се готвел морковот оставете да се олади, па додајте го медот и се измешајте со пасираниот морков. Овој лек може да го мешате и со други овошни и зеленчукови сокови.




ЗА КАШЛИЦА И БЕЛИ ДРОБОВИ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: половина килограм црвен кромид, половина килограм шеќер, 2 лимони, 1,5 литри вода, 7 лажици домашен мед.

ПОСТАПКА: Загрејте го шеќерот во метален сад на умерена температура и мешајте додека да порумени и да се карамелизира, па додајте ситно исечкан кромид, пропржете го кратко (внимавајте да не загори шеќерот) и додајте ја водата. Сè заедно гответе, така што водата треба да врие на умерена температура додека да испари 1/3 од течноста.

Потоа поклопете го садот и оставете да се излади, па додајте сок од 2 исцедени лимони и мед и измешајте сè добро додека да се добие изедначена, хомогена смеса. Оставете да отстои, а потоа процедете ја смесата (од парчињата кромид) и чувајте ја во стаклено шише, во фрижидер.

УПОТРЕБА: Потребно е да се користи по 1 лажица од напитокот пред секој оброк додека да се потроши целата количина. Доколку е потребно, направете нова доза и повторете ја постапката додека да заздрават белите дробови. На децата им се дава по мала, чајна лажичка пред секој оброк.