За ова ароматично лепче не ви е потребна оклагија и за кратко време ќе биде готово. Сите го обожаваат поради тоа што има неодолив вкус. Се прави лесно и за многу кратко време, а кај нас дома, јас правам по три или четири вакви лепчиња одеднаш, бидејќи едно не ни е доволно.

Најмногу време одзема стасувањето на тестото, но за тоа време немате обврски околу лепчето. Од многу малку состојки ќе добиете превкусен ручек или предјадење кое може да го послужите и со салата. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г брашно, 1 јајце (може да се испушти/замени со млеко), 20 г шеќер (2 лажици), 4 г инстант квасец (1 лажиче), 3 г сол (1 рамна лажичка), 80 мл топло млеко, 30 г несолен путер на собна температура.

ЗА СОСОТ ОД ЛУК: 1 лажичка мелено лукче, 1 лажичка мајонез, 1 лажичка шеќер, 0,5 супени лажици сечкан зелен кромид, 13 г несолен путер на собна температура и 140 г моцарела кашкавал или некој друг кашкавал по ваш избор.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад замесете го тестото. Скршете едно јајце и разматете го сосем малку со жица/маталка додека да стане пенасто. Одвојте сосем мала количина од јајцето настрана која ќе ви биде потребна за филот, околу 1 супена лажица.




Во поголемиот дел од јајцето, прво додајте го квасецот, потоа и шеќерот и брашното и промешајте до лесно соединување. Потоа додајте го млекото заедно со солта и започнете да замесувате тесто. Прво мешајте го тестото со шпатула, додека да се соединат состојките, а кога ќе почне да се формира компактна смеса, преминете на месење со раце.




Најпрво состојките ги мешате со лажица додека да почне да се формира тестото, а потоа преминувате на месење со раце. Кога ќе ги соедините сите состојки, тестото ќе биде лепливо, па во тој случај префрлете го на рамна работна површина и во него додајте го омекнатиот путер на собна температура.

Месете го тестото така што ќе го ,,фрлате” на подлогата која го месите. Тестото за кратко време ќе почне да се соединува и нема да се лепи, а потоа месете го уште некои 5 минути со преливање на надворешните рабови на тестото кон внатре, за да добие топчеста форма.




Кога ќе го формирате тестото, веднаш ставете го на плех, обложен со хартија за печење, покријте го под крпа и оставете да стасува околу 1 час или повеќе додека да ја удвои својата големина. Во меѓувреме подгответе го филот од лук: Исчистете неколку чешниња лук или поминете ги низ преса. Лукот додајте го во јајцето кое првично го одвоивте.




Потоа, додајте 1 мала лажичка мајонез, 1 мала лажичка шеќер, сосем малку ситно сечкано младо кромитче (околу половина лажичка) и 13 г несолен путер, малку омекнат на собна температура. Соединете ги сите состојки и ставете го филот настрана, додека да го подготвите тестото.




Кога тестото ќе ја удвои својата големина, не го замесувајте, туку благо притиснете го одозгора за да излезат гасовите кои се акумулирале во него. При притиснување, тестото самото ќе се развлече сосем малку, но не го тегнете премногу за да не излезе тенко.




Вака подготвеното тесто кое треба да има кружна форма, на површината направете резови во форма на квадрат со нож, каде што треба да го сместите филот од лук. При правењето на резови, со ножот не го сечете тестото целосно, најмногу до половина.

Распоредете го филот од лук на средина на тестото, а во вдлабнатините (резовите) ставете малку рендан кашкавал (моцарела или некој друг), за уште подобар вкус. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 15 минути, во зависност од рерната, со повремено проверување на лепчето.

Потоа извадете од рерна, оставете малку да се излади и сечете на помали коцки. СОВЕТ: На опцијата за конвекција, лепчето се пече околу 10-тина минути, на 170 степени или печете 10 до 15 минути на 180°C во нормален режим на рерната.

Повремено проверувајте го лепчето, готово е кога површината ќа стане крцкава и ќе фати потемна боја. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.