Во современите кујни повеќето мијалници се од не’рѓосувачки челик кој, колку и да е практичен, сепак има една мана.

А тоа е, на него се забележува и најмалата дамка, па дури и бигорот кој останува после секоја испарена капка вода.

Меѓутоа, постои еден трик кој го открија искусните домаќинки, а кој е најбрз и наједноставен начин да го исчистите мијалникот а металот да го изгланцате до висок сјај.

Станува збор за брашно, а колку и да ви звучи ова необично и нелогично, сепак откако ќе го испробате трикот ќе се уверите во одличните резултати.

Она што е потребно, е најпрво да го измиете мијалникот на вообичаен начин како што тоа го правите, со помош на грубата страна од сунѓерот и малку детергент. Не мора премногу да триете, туку само да ја отстраните евентуалната нечистотија.

Потоа, избришете ја добро целата вода, бидејќи за следниот чекот е важно мијалникот да биде сув. Потоа, површината добро наросете ја со брашно и истријте со сунѓер.

Оставете да отстои 15-тина минути, а потоа исперете – ќе бидете изненадени од сјајот кој ќе се појави после завршната постапка.