Бидејќи повеќето граници се затворени поради пандемијата, повеќето од луѓето одморите и викендите ги поминуваат откривајќи нови места, нови интересни локалитети.

Па така, една новооткриена туристичка понуда во Србија, предизвика голем интерес и долги редици чекање за истата.

Во близина на Бачка Топола и Суботица е сместена Пачирската бања, базен со термална вода, единствена во овој дел од Европа. Она што е необични во оваа бања е тоа што водата е солена, а бојата и е розова.

Врз основа на составот на водата, бањата има добиено сертифакат како исклучително лековита вода. Топлата и солена вода помага во сочувување и одржување на здравјето, придонесувајќи во подигање на имунолошкиот систем.

Водата инаку поминува низ различни слоеви карпи, а е збогатена и со минерали како што се јод, сулфат и бром.

Квалитетот на водата редовно се контролира и покрај тоа што, поради смесата од минерали, во неа тешко може да преживеат било какви микроорганизми кои евентуално би можеле да им направат некаков проблем на капачите.

Сепак, заради сигурноста на посетителите, постојат препораки околу должината на престојот во вода која се советува да биде не подолга од 20-30 минути.

Оваа вода помага во лекувањето на различни болести како што се кожни заболувања, псоријаза, некои васкуларни и респираторни болести, како и за лекување на ревматски заболувања и повреди на мускули.

Розовата боја потекнува токму од јодот, бромот и литиумот кои овде се наоѓаат во висока концентрација и кои ова езеро го прават лековито.

Водата е бистра, но поради розовата боја делува како да е матна.