Ова е еден рецепт кој можеби за повеќето веќе е познат, но за оние кои не знаат, добро е да го испробаат уште веднаш.

Напитокот кој се приготвува од лимон, мед и ѓумбир ќе ви помогне да се изборите со разни инфекции, да го подобрите имунитетот и на тој начин да станете поотпорни на настинки и вируси.

Потребни состојки: 1 парче свеж корен од ѓумбир – 3 см, 600 мл вода, ½ лимон и 1 лажица мед. Постапка: Ситно изрендајте го ѓумбирот, да добиете приближно околу една полна супена лажица. Ставете го врела вода и поклопете.

Оставете да излади, а потоа додадете сок од свежо исцеден половина лимон и една лажица мед. Промешајте и напитокот поделете го на два или три дела. Првиот дел испијте го наутро на гладно, вториот пред ручек, а третиот пред вечера. Ако го поделите напитокот на два дела, тогаш пијте наутро и навечер.

Чај од ѓумбир со портокали идеален за настинки – Многу здрав чај од ѓумбир кој е идеален против настинки, а ако се додаде трошка чили – настинката “ќе избега”.

Потребни состојки: 1,5 литар вода, 3 лимони (без кора), 5 см корен од ѓумбир, 3 цимет стапчиња (или 3 лажички во прав), 2 кесички чај – по ваш избор, 3 портокали и 1-2 прстофат чили – не е задолжителен, но се препорачува

ПостапкаЛимонот добро измијте го, излупете го и исечете го на коцки. Ѓумбирот излупете го со лажичка, па исечкајте го на тенки парчиња (ако имате БИО ѓумбир, тогаш воопшто не мора да го лупите).

Во водата ставете го лимонот, стапчињата цимет и ѓумбирот. Поклопете и ставете на оган додека да зоврие, а потоа намалете ја температурата и варете уште 5 минути. Потоа тргнете го чајот од оган и ставете две кесички чај по ваш избор (или рефус).

Нека отстои 20 минути. Процедете го чајот па додадете сок од исцедени три портокали. По желба можете да додадете малку чили во шолјата чај, но имајте во предвид дека чилито е многу луто.