Високиот кpвен притисок има здравствени последици доколку не се лекува. Избегнувањето на храна богата со сол е императив доколку сте загрижени за вашиот кpвен притисок, а вообичаено е пaциентите со висок кpвен притисок да ја регулираат својата состојба само со избегнување на пржена, солена и мрсна храна.




Сепак, лекарите велат дека тоа не е доволно и дека хипертензијата може да се влоши со користење на некои намирници кои не се сметаат за нездрави, туку напротив, многумина од нас ги конcyмираме како здрава храна.




Грејпфрут

Овошјето е многу добро за здравјето на организмот, но луѓето кои боледуваат од хипертензија мора да избегнуваат грејпфрут. Ова овошје предизвикува несакани ефекти доколку се конcyмира истовремено со многу лекови, дури и оние за намалување на кpвниот притисок.




Пекарски производи

Свесни сме дека пиците, кифличките и бурекот се штетни за линијата, но не знаеме колку овој вкусен производ го зголемува притисокот. Само еден ѓеврек може да содржи до 230 милиграми натриум, па затоа е подобро да ја заобиколите пекарницата и белите печива, доколку имате хипертензија.




Конзервирана, замрзната и преработена храна

Оваа храна иако може да се смета за здрава, луѓето треба да бидат внимателни, бидејќи голем дел од нив содржат додадена сол за да се сочува вкусот преку процесот на конзервирање, пакување или замрзнување.




Конзервираните супи се едни од нив, па затоа, најдобро би било сами да си приготвите домашна супа, па така ќе знаете што сè сте ставиле во неа и колку сол содржи. Доколку не сте во можност, тогаш барајте пакувани супи кои содржат ниско количество на натриум.




Запатете, сè што содржи доста натриум, е потенцијален ризик за покачување на притисокот. Такви се на пример краставиците, па доколку ги јадете, не ги солете воопшто, бидејќи на тој начин значително го зголемувате натриумот, а со тоа и кpвниот притисок.




Конзервираните домати и сите производи на база на домати содржат голема количина на шеќер и сол. Исто така, во ризична група спаѓаат и замрзнатитите пици, како и воопшто замрзнатата храна која по правило содржи доста сол. Ова се однесува и на замрзнатите морски плодови. Следниот природен лек помага во голема мера да се нормализира притисокот:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг лимони и 25 чешниња лук (приближно 3 главици). Постапка: од лимоните исцедете го само сокот и ставете го во некој посебен сад. Од три главици лук извадете ги 25-те најголеми чешниња.

Лукот исчистете го, а потоа ситно сомелете го и додајте го во лимоновиот сок. Промешајте и смесата складирајте ја во стаклени тегли, претходно измиени, стерилизирани и суви.




Затворете ги цврсто со капаци кои сте ги пребришале со чист ал-кохол. Потоа теглите завиткајте ги убаво во кујнска крпа и оставете ги на некои темно и ладно место до кое не допира светлина.




Повремено теглите протресувајте ги, барем еднаш неделно, за да се промешаат состојките, особено лукот кој се таложи на дното. После 25 дена лекот е спремен за користење. УПОТРЕБА: По една мала ракиена чаша (30 мл) секое утро, половина час пред појадок. Напитокот е доста силен, па може да се раствори во чаша млака вода.