За оваа торта сите зборуваат и ја споделуваат: Бисквитна-песок торта, многу лесна подготовка

Многу едноставна, а многу вкусна торта. Секој залак се топи во уста.

Потребни состојки:

1 литар млеко
2 пудинг од ванила
250 г шеќер
3 ванилин шеќер
1 чоколадо за готвење
200 г мелени лешници
200 г кокос
200 г мелени бисквити
1 кутија петит бисквити
2 шлаг пени
250 г маргарин или путер

Постапка:

Пудингот разматете го во малку млеко, а остатокот заедно со шеќерот, ставете го на оган да зоврие. Потоа во него постепено додадете го разматениот пудинг и со постојано мешање, на намалена температура, сварете го кремот додека да згусне.

Сварениот пудинг тргнете го на страна и оставете го да се олади, со повремено промешување за да не фати коричка. Или, можете одозгора да ставите проѕирна фолија.

Потоа путерот изматете го пенасто со ванилин шеќерот, па додадете го во изладениот пудинг и матете со миксерот додека да се соедини кремот.

Смесата поделете ја на три еднакви делови. Во првиот дел додадете растопено чоколадо и лешници, во вториот додадете кокос, а во третиот мелени бисквити.

Редење:

На дното од калапот наредете еден ред бисквити. Врз нив ставете го филот со чоколадо и лешници, па повторно ред бисквити, па фил со мелени бисквити, ред бисквити, фил со кокос, ред бисквити и најгоре целата торта украсете ја со шлаг.

Coolinarika.com

Претходна статијаНароден лек за намалување на шеќерот во крвта и вишок килограми
Следна статијаКолач со кокос, без јајца, без маргарин, без миксер, мерки на чаша