Дијабетесот за жал е меѓу најчестите заболувања во последно време, и како што можете да забележите, честа тема за читателите на НМД.

Ако земеме во предвид дека како фактори на ризик, покрај генетиката и начинот на живеење, се јавуваат и загадениот воздух од околината, стануваме свесни за фактот дека врз нашата здравствена состојба мора самосвесно да влијаеме колку што можеме повеќе.

Доколку анализите ви покажале дека имате покачено ниво на шеќер во крвта, време е да преземете мерки за да ја нормализирате здравствената состојба.

Ова е еден едноставен, а ефикасен рецепт кој го нормализира нивото на шеќер во крвта, го сифрла вишокот течности од организмот, помага да се намали холестеролот, а со сето тоа ќе ви помогне и да ги намалите вишокот килограми.

Терапијата трае еден месец, а празовата вода се пие двапати во текот на денот, пред оброк, наутро и навечер.

Потребни состојки:

1 шише минерална, газирана вода
¼ страк праз

Постапка:

Отворете го шишето и ставете внатре ¼ страк од праз (пресечен на половина и половината пресечена надолжно). Оставете во фрижидер да отстои еден ден. Откако ќе изминат 24 часа, празовата вода е подготвена за пиење.

Секој ден се пие по една ракиена чашка, двапати дневно, пред јадење. По еден месец, направете контрола на крвта, резултатите треба да бидат задоволувачки, а холестеролот намален.

Природните газирани води содржат:

Натриум, калциум, калиум и магнезиум, во совршен баланс кои му одговараат на организмот. Покрај тоа, овие катјони се надополнети со анјони: сулфати, хлориди, бикарбонати и флуориди, кои заедно со биофлавоноидите на празот помагаат во отстранувањето на холестеролот од крвта и заштитување на крвните садови.

Дејство:

При контакт на празот со минералната вода, се ослободува азот оксид, природен гас кој ги релаксира крвните садови. Важна е и улогата на Б витаминот фолати со кој се одржува нормалното ниво на хомоцистеинот. Исто така се ослободуваат и полифеноли кои играат директна улога во заштитата на крвните садови и крвните клетки од оксидативната штета.

Празовата вода помага и при лекување на дијабетес тип 2, дебелина, атеросклероза, алергии на дишните патишта и ревматоиден артритис.