Кај народот Петровден, кој се паѓа на 12 јули, се смета за многу тежок празник. Според христијанското учење, овој празник спаѓа меѓу петнаесетте најголеми празници и се слави како празник на Светите апостоли Петар и Павле.

Светиот апостол Петар потекнувал од рибарско семејство и еднаш кога ловеле риби на езерото ги видел Исус и ги повикал по што Петар заедно со брат му Андреј го напуштиле рибарскиот занает и му се придружиле. Токму поради тоа Петровден се смета и за празник на рибарите.

На иконата светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт. И двајцата држат отворени книги. На празникот му претходи

Петровденскиот пост чија должина зависи од празникот Велигден. Имено, овој пост, е еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината, започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден така и Петровденскиот пост трае различн

Во некои македонски предели, празникот го одбележувале само до пладне, а потоа работеле, бидејќи се паѓал во периодот кога интензивно се жнеело житото.

Според верувањата, дури и Свети Петар на тој ден работел, земал срп и жнеел, и во претставите на луѓето Свети Петар бил со срп на рамото, а според тоа бил и заштитник на жетварите.

Bo селата од Мијачијата, особено во селото Галичник, според Марко Китевски, овој ден се сметал за голем празник и сите печалбари гледале да си бидат вратени најдоцна до тој ден, затоа што тогаш, на Петровден, ги правеле сите свадби во селото.
Се случувало во еден да има и по педесет свадби.

ВЕРУВАЊЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО

На Петровден лесно се откривало кој ќе биде здрав во текот на годината, а кој ќе се разболи.

Петровден е еден  од најголемите верски празници. За овој ден врзани се бројни верувања.

Едно од нив е дека најстариот во домот вечерта пред овој голем празник треба да набере по еден цвет за секој во куќата.

Така набрани ги става во земја, каде никој не ги гледа и фаќа. Утредента рано, кога никој не го гледа, оди да ги види цветовите.

На кој од домашните цветот му стои право, ќе биде здрав, на кој му е овенат цветот, ќе биде болежлив, а на тој што му смежурал цветот, ќе почине.

На овој празник не се иде во поле и не се почнуваат тешки земјоделски работи, а посебно не се впрегнуваат коњи во кола.

Постои верување дека на овој ден свети Петар дели јаболка на децата на оној свет. Од таа причина се развиле повеќе обичаи, меѓу кои и оној дека во година пред Петровден не треба да се јадат јаболки.

Верувајќи во ова, во минатото многу мајки кои изгубиле деца се воздржувале од јадење јаболка пред Петровден, од страв дека на овој празник нивното дете на оној свет нема да добие јаболко.