Веројатно досега сте слушнале дека одличен трик за слабеење е доколку храната се јаде полека а секој залак се соџвака барем 15-20 пати пред голтањето.

На овој начин, всушност, им се овозможува на вашиот мозок и тело, да ја почувствуваат храната целосно, наспроти фрлањето на еден куп храна во грлото само за да дознаете 30 минути подоцна дека сте „пополнети“.

Од таа причина (и уште неколку други), овошјето за слабеење број 1 се црешите!

Колку и да сакате, одеднаш не можете да изедете многу цреши, за кратко време, што веројатно истото сте го забележале и со грозјето и боровинките.

Кај црешите постои уште една дополнителна работа, а тоа е семката која треба да ја исплукате, а со тоа се одолжува времето за консумирање на следниот плод. Кога ги јадете црешите вие сте присилени да јадете полека, дозволувајќи им на вашите сензори за ситост навремено да алармираат кога треба да престанете со јадење.

Значи, тоа е причината број 1 – контролата.

Причина број 2

Причина број 2, и тоа е една важна и голема причина, е дека црешите имаат најнизок гликемиски индекс од сите плодови, и најниски гликемиски индекс од било кои јаглени хидрати кои можат да се најдат во овој период.

Бодирањето е смешно ниско – 22, можете дури и да ги грицкате црешите во вечерните часови, бидејќи нивниот ефект врз инсулинот е минимален. Значи, не е толку голем проблем јадењето во ноќните часови, туку јадењето на погрешна храна – онаа која предизвикува значителен пораст ма мастите.

Затоа, следниот пат кога ќе бидете расположени за слатка ужинка, грабнете мал сад со цреши и уживајте во нивните бенефити.

Црешите ја подигаат енергијата и позитивно влијаат врз расположението, а како што забележавме погоре во текстот – придонесуваат за побрзо слабеење. Ова овошје е неисцрпен извор на инспирација на бројни модни креатори и често претставува симбол кој може да се најде на некој пролетен аксесор.

Покрај малиот број калории, црешите не содржат масти, а имаат голем процент на вода. Истражувањата покажале дека зголемениот внес на вода во организмот ја зголемува енергијата и го забрзува метаболизмот. Затоа, секогаш кога слабеете, дадете им предност на овошјата што содржат повеќе вода.

Црешите исто така се богати со калиум, а помалку со натриум, што дополнително помага во излачувањето на вишокот течности од организмот. Содржат антиоксиданти против стареење, богати се со влакна, витамините А, Б и Ц, содржат многу минерали, посебно калциум, железо и калиум.

Секоја цреша има само 4 калории (а една чаша содржи околу 90 калории), има еднаква количина на јаглехидати и протеини, а воопшто нема масти.