За бронзен тен: направете 100% природно масло со зелени оревчиња, морков и маслиново масло

Ова е наједноставниот рецепт за масло за сончање кое можете да го направите сами, а ков во себе содржи три драгоцени состојки за кожа.

масло за бронѕен тен

Ова масло за сончење е всушност мацерат кој се добива со натопување на лековити билки во масло. Со оглед на тоа што неговиот заштитен фактор е околу пет, се препорачува да се користи кога веќе кожата е малку потемнета, или во периоди од денот кога сонцето е слабо.

Природното масло ќе ви помогне да добиете бронзен тен на кожата, но претходно мора да користите креми со заштитен фактор и да добиете “подлога” за да можете да го користите ова масло.

Кожата кога ќе се намачка со мацерат од зелени оревчиња, морков и маслиново масло, станува многу мека, нежна, свиленкаста, исхранета и заштитена.
Морковот е полн со бета-каротен, силен антиоксиданс кој ја заштитува кожата од УВ зраците.

масло за бронѕен тен

Истражувањата покажаа дека природниот бета-каротен е многу подобар и поздрав од синтетичкиот кој се употребува во многу креми за сончање.

Оревите се преполни со витамин Е, исто така силен антиоксиданс, неопходен за здрава и убава кожа, а исто така, содржи и исклучително здрави масти, па затоа дејствуваат антиканцерогено.

Маслиновото масло благодарение на високиот процент на незаситени масни киселини и витамини А и Е помага во заштита од сонцето и многу благотворно делува на чувствителната кожа.

масло за бронѕен тен

Со оглед на тоа што мацератот треба да отстои месец дена, ви препорачуваме да го направите што поскоро, додека има зелени оревчиња. Така, ќе си имате готово масло кога ќе тргнете на море.

Потребни состојки:

6 зелени ореви
1 поголем или 2 помали моркови
250 мл маслиново масло
*ако имате ставете и неколку цветови од невен

Постапка:

1.Оревите пресечете ги на четвртинки и ставете ги во стаклена тегла. Користете заштитни ракавици за да не ги офарбате рацете.

2.Морковот изрендајте го, ставете го кај оревите и ако имате додадете и неколку цветови од невен. Сето прелијте го со маслиново масло.

3.Теглата оставете ја да отстои на сонце околу три седмици до 40 дена со повремено протресување. Ако сонцето е премногу силно, теглата пренесета ја под сенка привремено. Не оставајте го маслото на премногу силно сонце зошто може да “ужегне”.

4.Кога ќе помине предвидениот период, процедете го маслото и складирајте во шишенце со распрскувач. Ако ви остане и не го потрошете целото оваа година, чувајте го фрижидер и ќе биде супер и за следната година.

Напомена: Не смее да кондензира, значи ако е силно сонцето преместете го под сенка, ставете проѕирна фолија одозгора и избоцкајте ја со чепкалка за заби и лесно ставете го капакот да може “да дише”.

Постои и една ИТНА варијанта кога немате време еден месец да го чекате мацератот:
-Во шише измешате 200 мл маслиново масло и 50 мл вински оцет и сок од еден имон. Измешајте добро и веднаш добивате масло за сончање.

СОВЕТ: Можете да употребите и ореви кои веќе малку созреале, односно лушпата започнала да им стврднува. Едноставно со чекан скршете ги и уситнете ги.
Ако маслото го чувате на ладно и темно место, ќе можете да користите и следната година без да ги изгуби својствата.

масло за бронѕен тен
Loading...