Има еден рецепт кој го прават Италијаните. Од зелените оревчиња кои сте ги употребиле за Оревовача, после цедењето прават многу убаво вино. Рецептот иде вака…

Тие половинки од 40 зелени оревчиња откако ќе ја процедите Оревовачата, вратете ги во тегла и прелијте ги со еден литар домашно бело вино.

искористени зелени оревчиња после цедењето на Оревовача

Добро затворете ја теглата и оставете ја 2-3 месеци во подрум, на ладно.
Потоа процедете и ќе добиете “свето вино” за пиење, кое некои го чуваат за Велигден.

Виното се нарекува Санто вино и се пие за Велигден заедно со традиционалната погача.

Секако, виното не мора да го чувате толку долго и можете да уживате во неговиот вкус веднаш штом е готово.

Оревите кога се ставаат во вино не смеат да бидат суви туку треба да содржат малку сок од оревовачата. Се користи само бело вино.

Оревовача на сонце

Инаку, оригиналното Санто вино потекнува од Тоскана и се произведува од бело сортно грозје. Грозјето се суши врз сламарици или обесено на греди, во топли и проветни простории.

На овој начин Италијаните го прават Санто виното кое технички е десертно, а по вкусот може да биде суво до многу слатко.

Бурињата во кои се произведувало ова вино најчесто се бележело со крст за да се означи неговата светост.

Санто вино – буриња со христијански крст