Нескафе торта, лесна, брза, не се пече – од вчера ми остана само уште едно мало парче!

Оваа лесна торта ние ја обожуваме, а што е најважно, многу лесно се приготвува, не се пече а уште полесно се јаде.

нескафе торта

Најмалку трипати по ред децата ми ја бараа за роденден. За празниците мора да се направи на нивно барање, а исто така, често и без некој повод, бидејќи за оваа торта не треба повод.

Рецептот го имам најмалку 15 години и се’ уште е актуелен, уште ми го бараат…Кој ја пробал, не може така лесно да ја заборави!

Потребни состојки:

500 г бисквити (а можете и готови кори за торта)
500 мл слатка павлака (хопла)
3 јајца
11 лажици шеќер
3 лажици нескафе (или можете капучино)
малку млеко за натопување на бисквитите

Постапка:

Loading...

Изматете ја слатката павлака со половината од вкупниот шеќер (5,5 лажици). Во друг сад, кремасто изматете ги јајцата со остатокот од шеќерот. На крај додадете нескафе и матете уште малку за да се растопи кафето. Смесата излејте ја во садот со слатката павлака и измиксајте убаво сето да се измеша и соедини.

нескафе торта

Бисквитите едно по едно на кратко натопувајте ги во млеко, или прво наредете ги па одозгора со лажица потурајте по малку млеко. Во млекото можете да додадете и малку рум, но не мора.

Наредете ги бисквитите, па над нив нанесете слој фил со дебелина од околу еден прст. Така 3-4 редови бисквити и над секој ред фил.

нескафе торта

Одозгора украсете со рендано чоколадо или чоколадни трошки, па оставете во фрижидер добро да излади, најдобро преку ноќ.

Напомена: наместо бисквити можете да употребите готови купечки кори, така е уште побрзо. Може исто така, наместо нескафе да ставите капучино, особено кога станува збор за желбите на децата..

нескафе торта

Е сега… оригиналниот рецепт е со двојни состојки. Но мене, освен за посебни пригоди, како родендени и слично, секогаш ми е доволно половина доза, бидејќи навистина многу излегува.

нескафе торта

Уште една работа, во оригиналниот рецепт пишува 250 г маргарин, а оваа доза ако сакате ставете 125 г. Путерот или маргаринот се става за да го стегне филот малку повеќе, но јас веќе со години не го ставам. Вкусот ми е некако подобар.

Што и да употребите, не е важно зошто тортата се изедува во рекордно време, а ако нешто ви остане можете да ја ставите во замрзнувач, па ќе ви дојде нешто како сладолед…

нескафе торта

Coolinarika.com

Loading...