Многу лесна и брза подготовка за вкусна зимница од црвени пиперки. Запишете си го овој рецепт, бидејќи нема да ви одземе многу време, а вкусните киселки и крцкави пиперки можете да ги јадете после само три дена.




Потребни состојки: 1,5 кг црвени пиперки (може и со жолти или зелени), 12-15 чешниња лук или додајте по ваш вкус, 3 лажички црн пипер во зрно, 3 лажички шеќер, 6 лажички сол, 12 лажици бел оцет и 1 литар врела вода




Постапка: Пиперките убаво измијте ги под млаз ладна вода, оставете ги да се исцедат, па исчистете ги од петелките и семето. Потоа исечете ги на ленти (од една пиперка се сечат 6 или 8 ленти, во зависнот од големината на самите пиперки и како сакате да ги видите во чинија).




Лентите од пиперки исправено се редат во стаклени тегли додека да се исполни теглата. Теглите претходно треба добро да ги измиете и стерилизирате. Во секоја тегла ставете по 4-5 исчистени чешниња лук. Наросете и по една лажичка црн пипер во зрно, по една лажичка шеќер и по 2 лажички сол во секоја тегла.




Одозгора прелијте со по 4 лажици алкохолна киселина (бел оцет 9%). Додека ги полните теглите со зачини, на оган ставете да врие 1 литар вода. Со врела вода дополнувајте ги теглите до горе, да бидат прекриени пиперките и веднаш затворајте ги со метални капаци.




Капаците претходно стерилизирајте ги или пребришете ги со а лкохол. Откако добро ќе ги затворите, теглите превртете ги наопаку за да се вакумираат и оставете ги да се изладат, а после три дена може да се консумираат. Или воздржете се и оставете ги за до зима. Следниот рецепт е како да приготвите пиперки од рерна за 5 минути, а може да ги јадете само после еден ден.




Потребни состојки: 1 литар вода, 145 г шеќер, 40 г сол, 180 г бел оцет 9% и 1 кг сечкана пиперка. Постапка за приготвување на солилото: 1 литар вода оставете да зоврие. Тргнете од рингла и веднаш додадете 145 г шеќер, 40 г сол и 180 г бел оцет. Ова е количина за еден килограм сечкана пиперка.




Во рецептов е добро што може да користите секакви пиперки и ситни и извиткани, само потребно е да бидат здрави, бидејќи се сечкаат на ленти. Можеби си мислите дека станува збор за пастеризација во рерна, но не, пиперките се сосем поинакви и може да се јадат веднаш после 24 часа.




Едноставно, со пиперките наполнете ја теглата до врв, малку притиснете за да собере што повеќе, па прелијте со солилото. Затворете со чисти и нови капаци и ставете ги теглите на решетката во рерна.




На 100 степени оставете ги на тивко да крчкаат еден час. Кога ќе ги извадите внимателно, завиткувајте ги во крпи или што имате и оставете ги така додека целосно да изладат. Вака приготвените пиперки можете да ги јадете после 24 часа.




Пиперките се многу необични, меки и биквално се топат во уста, а не се прекисели. Рецептов навистина вреди да си го запишете. Сите пиперки што ќе ви останат, прави или искривени, можете да ги конзервирате на овој начин.