Од ОВА цвеќето ќе расцвета како лудо, а особено сарделите

Денес со вас ќе споделам еден трик како да му овозможите на вашето цвеќе убаво да буи и цвета во текот на целата година со помош на само две состојки кои сите ги имате в кујна. Најпрво ќе ви биде потребна вода која доколку ја полните ја чешма најдобро е да ја оставите еден ден да отстои на собна температура.

Секако, најдобро би било да користите филтрирана или изворска вода, но секојпат не е лесно да се набави таква. Наполнете шест литри вода во шише или соодветен сад и подгответе една коцка свеж квасец од која треба да поткриште само 10 грама.

Квасецот го стимулира растот на билките, доведува до бујно цветање и овозможува коренскиот систем убаво да зајакне. Исто така, на билките им овозможуваат полесно да ја апсорбираат водата и минералите од почвата.

Во квасецот се содржат огромен број хранлици материјали како и корисниот витамин Б, фитохормони и ауксин. Оваа уникатна комбинација доведува до забрзан раст на билките. Изронете 10 г свеж квасец во шест литри вода.

За да се засили ова природно ѓубриво и убаво да се нахранат билките додајте уште една состојка која можете да ја направите многу лесно во домашни услови, а во последно време може да се најде и во аптеките.

Станува збор за прав од лушпа од јајца, а кој е одличен и за прихрана на доматите, пиперките и краставиците. За да го направите овој „волшебен“ прав, секако, ќе ви бидат потребни лушпи од јајца. Едноставно, секојпат кога ќе користите јајца за јадење, лушпите не ги фрлајте и совувајте ги.

Исперете ги со ладна вода од внатрешната страна и оставете ги да се исушат на воздух или во рерна на многу ниска температура, а потоа сомелете ги во прав. За да добиете убав прав, најдобро е после секое мелење да се просејува низ ситно сито.

Лушпите од јајца обезбедуваат важни минерали кои многу му се потребни на растението за да има цврст имунитет и непречено да расте и да се развива. Меѓу другото, лушпите од јајца содржат лесно апсорблив калциум карбонат, калиум и фосфор.

Корењата лесно ги впиваат овие минерали штом еднаш тие се растворат во почвата. Добиениот прав од лушпи од јајца можете да го чувате затворен во стаклена тегла и да го користите по потреба. Во шишето со 6 литри вода и 10 г свеж квасец додајте 1 супена лажица прав од лушпи од јајца.

Шишето затворете го и добро протресете го за да се растворат состојките, па оставете го да отстои малку со отворено капаче, и кога ќе бидете сигурни дека квасецот целосно се растворил, уште еднаш протресете го шишето и со течноста полевајте ги вашите цвеќиња.

Со оваа природна прихрана од квасец и лушпи од јајце полевајте ги цвеќињата еднаш месечно и уживајте во нивното раскошно цветање. Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеопрезентацијата на Јелена ОВДЕ. Прочитајте повеќе за одржувањето на сарделите ОВДЕ.

Претходна статијаНАЈДОБРАТА СНИКЕРС ТОРТА ВО СВЕТОТ: Првото парче и го дадовме на гостинката, а остатокот за секунда го изедовме со виљушка
Следна статијаЗа 5 минути ќе препознаете дали некој е ПСИХОПАТ: Никој не сака да се најде во нивно друштво, но тие се насекаде околу нас