За да ја приготвите оваа чоколадна кекс торта со ореви ќе потрошите вкупно половина час од вашето време.

Има одличен вкус и сите ја обожаваат, а излегува доста голема и економична е, бидејќи се приготвува со состојки кои речиси сите ги имаме во кујна и не мора да излегувате за специјална набавка. Еве што ви не потребно, според рецептот на Снежана:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 мл млеко, 200 г мелени ореви, 100 г чоколадо за готвење, 200 г путер или маргарин, 100 г шеќер во прав, 600 г кекси – 75 парчиња со стандардна величина (бисквити по ваш ибор), 250 мл млеко за натопување на кексите, по желба малку рум

ПОСТАПКА: Тенџере со 250 мл млеко ставете на оган. Кога ќе проврие додајте 200 г мелени ореви и промешајте. Потоа тенџерето тргнете го од оган и веднаш, додека сè уште е врело додајте 100 г чоколадо за готвење, искршено на коцки.

Мешајте додека да се растопи чоколадото и да се соедини во смесата. Изедначената кремаста смеса оставете ја настана да се лади околу 15-тина минути. За тоа време пенасто изматете го путерот кој претходно омекнал на собна температура, исечкан на коцки.

Кога путерот (или маргаринот) малку ќе го изматите, во него додајте 100 г шеќер во прав, па продолжете со матење додека двете состојки да се соединат во мазна, кремаста смеса.

Во изматениот путер започнете постепено да го додавате чоколадниот крем со ореви, лажица по лажица, додека непрекинато матите со миксерот.

Двете смеси треба да бидат на иста собна температура, или чоколадниот крем да биде сосем млак, зашто ако сè уште е топол, ќе го растопи путерот и нема да се добие потребната густа конзистенција на крем. Затоа, подобро оставете кремот убаво да се олади пред да го соедините со путерот.

По желба во филот додајте една лажичка екстракт од рум или количина рум по вкус. промешајте и изедначете. Во соодветен плех или подлога започнете да ги редете кексите 3х5, вкуспно 15 кекси како подлога. Претходно секоја бисквита кратко натопувајте ја во ладно млеко.

Врз редот од бисквити ставете три полни супени лажици фил, распоредете го врз целата површина и израмнете. Постапката повторете ја додека да го потрошите материјалот. Кога ќе го наредите 5.ред бисквити, целата торта премачкјате ја одозгора и од страните со преостанатиот фил.

По желба можете тортата одозгора да ја наросите со мелени и сечкани ореви, да ја декорирате со шлаг или да ја прелиете со чоколадна глазура или ганаш. Приготвената торта оставете ја во фрижидер да се стегне, најмалку 3-4 часа пред послужувањето. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.