На почетокот од годината, кога започна карантинот, почнав да јадам сè и сешто, не внимавав многу и плус немав физичка активност.
За првпат во мојот живот јадев сè без воздржување, па што и да ми беше понудено, јадев. Резултатот од тој мој хедонизам во храната беше десет килограми вишок!

По неколку месеци поминати во тренерки и хеланки, морав да облечам фармерки и да одам на работа. Бев изненадена што ниедни панталони не ми беа точни. Дури тогаш сфатив дека доста сум се здебелила. Вагита покажа неверојатни 10 килограми вишок.

Мислам дека ниту во бременоста не бев толку дебела. Затоа решив да направам сè што можам за да ослабам. Се обидов да гладувам неколку дена, но не ми успеа. Бев мрзлива за да следам сè по пропис и цело време бев гладна и мислев само на храна.

Решив да го „прочешлам“ интернетот и наидов на интересен текст за детоксикација на познати личности. Една американска докторка советуваше детоксикација во траење од 21 ден. Тоа значеше големи количини на течности, особено супи од коски, но и вежбање.

Бидејќи самата себеси си изгледав изобличено од прекумерната тежина, решив да почнам да тренирам и да го спроведам споменатиот детокс од 21 ден. Вака изгледаше тоа:

Утро: Пијам 2 чаши вода и вежбам на лента за трчање половина час (трчам 10 километри и согорувам околу 200 калории)

Потоа јадам 1 чаша/чинија супа од коски (350 мл) за појадок, потоа пијам кафе и по неколку часа лимонада со мед.

За ручек јадам 2 чаши/чинии супа од коски (700мл). Јадам јаболко и пијам вода.

За вечера повторно една чаша/чинија супа од коски (350 мл).

Што значи дека јадев / испив околу 2 литри супа и најмалку 2 литри вода на ден.

Првиот ден ми беше многу тешко и се чувствував некако чудно: бев гладна, уморна и нервозна. Сепак, следниот ден веќе се чувствував многу подобро. Продолжив да ја спроведувам оваа детоксикација.

По третиот ден, додадов кисели краставички во исхраната, кефир (обично за вечера), плус овие 2 литри супа.

Јадев овошје (претежно јаболка и лубеница), но и бобинки. Кога ќе почувствував пад на енергијата, ќе изедев неколку ореви или бадеми.

Оваа диета ја практикував цели 20 дена. Кога заврши периодот на детоксикација, се чувствував одлично. Губењето на тежината беше видливо. Плус, мојата кожа навистина блескаше и немав темни кругови под моите очи.

Еве ги придобивките од супата од коски:

-Го забавува процесот на стареење
-Го лекува дигестивниот систем
-Ги спречува воспаленијата во целото тело
-Го подобрува здравјето на целото тело
-Кожата ја прави еластична, косата ја згуснува, ноктите стануваат поцврсти…

Како се готви супа од коски?

Се користат шупливи, бедрени коски или пилешки коски. Коските се готват што е можно подолго (кој има шпорет на дрво, најдобро е да ставите поголемо тенџере и коски, а потоа да готвите 24 часа). Кон крајот на готвењето, додадете моркови, целер, пашканат, кромид, магдонос и зачини во супата (но не претерувајте со зачините).

Кога супата ќе се зготви, јадете само од неа три дена и пијте многу вода.

Оваа супа им се препорачува на сите оние луѓе кои имаат болки во колената и зглобовите, бидејќи е природен лек.

После 21 ден се качив на вага. Бев ослабена 8 килограми, но изгледав како да сум многу повеќе затоа што вежбав, па мускулите ми се затегнаа.

Одлучив да продолжам да ја јадам оваа супа секој ден, но во комбинација со друга храна.