Ќе си ги препородите крвните садови за само 10 дена: Стар народен лек за чистење на крвните садови, рецептот вреди чисто злато!

Здравјето на крвните садови е од витално значење, а постојат природни начини за да се зајакнат и да се спречат несакани исходи.

За да се исчистат крвните садови, луѓето посегнуваат по разни лекови кои честопати доведуваат до оптеретување на работата на црниот дроб и бубрезите.

За целосно да ги исчистите крвните садови а притоа да не ги оштетуте другите органи, обидете се со овој природен старински рецепт.

Со текот на годините неправилната исхрана доведува до оштетување на крвните садови чии ѕидови ја губат еластичноста и стануваат крути, а во внатрешноста се таложат слоеви од холестерол – плаки.

Па така, значително се стеснуваат, а како резултат на тоа се намалува циркулацијата и доаѓа до намалена снабденост со крв во виталните органи инивна исхранетост.

Затнатите крвни садови се опасни по живот!

Покрај другото, мозокот значилно пати бидејќи не се снабдува доволно со потребниот кислород, а и крвниот притисок расте. Како последица од овие процеси би можело да настане мозочен или срцев удар, како и други сериозни болести.

Потребни состојки:

4 цели лимони со кора, по можност органски
1 парче корен од ѓумбир, големо колку палец од рака
2 литри вода
4-5 чешниња лук
2 лажици мед

Постапка:

Добро измијте го лимонот и прелијте го со врела зовриена вода за да ги отстраните нечистотиите. Потоа извадете го од водата и исечете го на парчиња и отстранете ги семките.

Ѓумбирот и лукот исчистете ги и сомелете ги во машина за мелење месо или во блендер.

Ставете на оган да зоврие 2 литри вода, па оставете да излади до 60 степени. Додадете ги лукот, ѓумбирот и медот, па добро промешајте. На крај додадете го лимонот.

Оставете два часа да се готви на најмала можна температура, или целата содржина ставете ја во голем термос каде ќе се одржува температурата во следните два часа. Потоа оставете да излади, изблендирајте ги состојките со рачен миксер, промешајте добро и процедете ја содржината.

Лекот складирајте го во тегла од 3 литри и чувајте го во фрижидер. Секој ден на гладно пијте по 100 мл од течноста, а исто толку и навечер. Терапијата трае три седмици, по што се прави пауза од една седмица, а потоа се продолжува со консумација во времетраење од 4 седмици.

Ефектите се видливи и ќе ги почувствувате за само 20 дена! Но за да биде целосно чистењето, продолжете со третманот според гореопишаниот протокол.