Тајната е во идеалната комбинација од состојки кои брзо ги согоруваат мастите, а поради тоа се забрзува метаболизмот и побрзо слабеете. Една од најтешките задачи во слабеењето и проблемот на сите диетални режими е како да се ослободи стомакот од наталоженото масно ткиво, наречено сало.

За решавање на овој проблем луѓето најчесто го користат напитокот кој е најпопуларен кога станува збор за овој проблем, а тоа е водата со лимон која делува диуретски и лаксативно.

Меѓутоа, денес ви откриваме уште помоќен рецепт кој има неколкупати посилен и побрз ефект, а неговите главни цели се:

-поправање на метаболизмот
-чистење на телото од отровите и
-губиток на вишокот килограми.

Тајната е во идеалната комбинација од состојки кои брзо ги согоруваат мастите, и оние внесените и оние складираните во масно ткиво, па поради тоа побрзо слабеете. Една од главните состојки е грејпфрутот кој ефикасно ги исфрла токсините, го стимулира метаболизмот и ги согорува мастите.

Другите состојки се ѓумбир и цимет, задолжени за регулација на нивото на шеќерот во крвта и подобра работа на метаболизмот, подобрување на циркулацијата и ефикасно чистење на цревата од наталожени наслаги. Најдобро би било овој напиток да се пие пред спиење, бидејќи најефикасен е кога делува навечер.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 грејпфрути
150 мл топла вода
1 лажица сок од исцеден ѓумбир
½ лажичка цимет во прав

Постапка:

Овошјето излупете го, извадете ги семките и белата кожичка која горчи, па заедно со другите состојки ставете ги во блендер. Изблендајте до изедначување на смесата. Сокот пијте го наместо вечера.

Се пие 12 дена по ред, а потоа е задолжителна пауза од 3 дена, по што можете да го повторите третманот. Не се препорачува за луѓе кои веќе пијат медикаменти за намалување на холестеролот и висок крвен притисок.

Со овој сок не само што ќе ја доведете линијата во ред, туку овој напиток ќе ви даде енергија и позитивно ќе делува врз здравјето на целото тело!