Само измешал сода бикарбона, оцет и вода – Со ова средство рерната ќе ви биде како нова и тоа без мака

За оние кои не сакаат да ја чистат рерната (а мислам дека нема такви кои ја обожаваат оваа задача), ова е совршен рецепт, за природен препарат без тешки хемикалии и штетни испарувања.

За да го приготвите ова средство за чистење – кое самото чисти – потребни ви се само три состојки: вода, сода бикарбона и малку оцет.

Потребни состојки:

½ шолја сода бикарбона
малку вода
2-3 лажици алкохолен оцет 9%

ПОСТАПКА:

Loading...

Во керамички сад ставете половина шолја сода бикарбона, а потоа во неа додадете малку вода и 2-3 лажици бел оцет.

Со дел од смесата премачкјате ја рерната, а остатокот заедно со садот оставете го во рерната на решетка на 100 степени во период од 45 минути.

После тоа, колку и да ви била валкана рерната, со голема леснотија ќе ја исчистите и тоа само во еден потег.

Деталите како се прави сето тоа можете да ги погледнете во видеото:

Loading...