Вода во колено – симптоми и лекувањe

Еден од честите симптоми кои ги слушаме од луѓето со проблематично колено е  – вода во колено. За да може ефикасно да се реши овој проблем, потребно е претходно да се пронајде причината.

За среќа, дијагностиката во последно време е напредната, па со самото тоа и успешноста во лекувањето е поголема.

ПРИЧИНИ ЗА ВОДА ВО КОЛЕНО

Отокот во колено, но и на сите други зглобови може да се појави како последица од две причини.

Првата причина е крвен оток кој настанува после дисторзија или траума како удар во меките или цврстите структури на зглобот. Притоа може да дојде до повреда на еден или повеќе крвни садови, по што крвта навлегува во затворениот простор на зглобот.

Кога ќе порасне притисокот на крвта во зглобот, оштетениот крвен сад се затнува, а отворот зараснува, додека на крвта во самиот зглоб и се потребни повеќе седмици, па дури и месеци за да се ресорбира целосно.

Вториот начин за појава на оток во колено е појачано лачење на зглобната течност во самиот зглоб. Тоа исто така, може да биде предизвикано од траума со помал обем, при кој меките ткива реагираат со воспалителен процес при кој се создава вишок на течност во зглобот.

Покрај тоа, дегенеративните промени на ’рскавицата и коските може да предизвикаат реактивен оток во зглобовите, па така и во коленото. Токму тие реактивни отоци ги нарекуваме „вода во колено“.

ОСТАНАТИ ФАКТОРИ ЗА ПОЈАВА НА ВОДА ВО КОЛЕНО:

Создавањето на вода во колено е поврзано со општата состојба, дневните активности во животот и процеси како овие:

Стареење – како стареете вашиот организам започнува поспоро да функционира, мускулите како и коските во голема мера постепено слабеат, неретко се јавува артритис кој како последица има отеченост на коленото или другите зглобови во телото.

Спорт – иако вежбањето и одржувањето на кондицијата е многу важно за правилна работа на организмот, спортовите како кошарката или гимнастиката може да предизвикаат „исчашување на коленото“ или некои други повреди кои како последица имаат отоци, односно „вода во колено“

Вишок килограми – освен што е зголемен ризикот од кардиоваскуларни болести, вишокот килограми се проблематични и поради тежината со која делуваат врз коските и зглобовите.

Преголема тежина врши притисок на зглобовите, а под притисок многу полесно настануваат повреди, па зглобовите и коските природно се деформираат.

КАКО ДА СЕ ПРЕПОЗНАЕ „ВОДА ВО КОЛЕНО“?

Колената често може да бидат отечени и поради други причини, кои не мора нужно да укажуваат на „вода во колено“. Некои од знаците кои може да укажуваат на вода во колено се:

Отеченост на колено – се однесува на делот кој се наоѓа непосредно над коленото.

Крутост на коленото – поради отокот може да се јави и неможност за свиткување на коленото, а во некои случаи и изразено силна болка во коленото која оневозможува исправување на ногата.

Болка во коленото – која може да варира од изразена силна болка до болка која се јавува само кога го „користите“ коленото (исправување, стоење, одење).

ДИЈАГНОЗА

За да се постави добра дијагноза на болното колено, докторот би можел да побара некој од следниве тестови:

Рендгенска снимка на коленото на која се гледа состојбата на коските и лигаментите, па се дијагностицираат напукнувања, исчашувања, артритис.

Магнетна резонанца – тест со кој прецизно се детектира секоја аномалија на коленото и зглобот.

Крвни тестови со кои може да се утврди инфекција, воспаление, ревматски артритис, болести на лимфни чворови, проблеми со згрутчена крв.

Артроцентеза – пункција на зглобот и земање на примерок – за детектирање на евентуални траги од крв, бактерија или траги кои упатуваат на гихт.

Санацијата на отокот на коленото предизвикан од дегенеративни процеси не е едноставна, а непосредната цел не е отокот, туку темелниот процес на коленото.

Токму поради овој факт, евакуацијата на отокот со игла и шприц, која со години била употребувана речиси автоматски, денес поретко се прави.

Причина за ова е искуството кое говори дека многу брзо после таквиот зафат, состојбата се враќа на почеток.

Имено, ако постои ’рскавично оштетување во коленото кое предизвикува воспалителна реакција на ткивото во непосредната околина, тогаш едноставната аспирација на вишокот течност со шприц не може да доведе до трајно, туку можеби, до привремено и краткотрајно олеснување.

Многу е важно после појавата на отокот во колено да се направи адекватна дијагностика и точно да се утврди причината за отекувањето на зглобот. Ако е тоа ’рскавично оштетување (кое е најчесто, покрај ревматолошките реакции), тогаш треба да се спроведе и адекватно лекување.

ПУНКЦИЈА НА КОЛЕНО

Понекогаш за да се дојде до дијагноза потребно е да се направи пункција на коленото. Пункција на колено е постапка за извлекување на течност од зглобот со што се постигнува намалување на болката.

Иако пункцијата на колено не е штетна за здравјето, сепак постои минимален ризик за појава на инфекција.

Често со пункцијата во самиот зглоб се инјектира и противвоспалителен лек за да се запре константната иритација и да дојде до појава на вишок течност во зглобот.

Постапката не е безболна (болката е индивидуална). Пациентите оваа постапка ја опишуваат како непријатна, најмногу во моментот кога иглата минува покрај зглобот. 

По завршувањето на постапката, на пациентите им се советува штедење на коленото и мирување. Видот и траењето на закрепнувањето зависат од тежината на повредата.

ЛЕКУВАЊЕ:

ФИЗИОТЕРАПИЈА

Ако според наодот се бара оперативна постапка, се започнува со физиотераписка процедура, која се состои од два дела, а се настапува истовремено.

Првиот дел е симптоматско лекување и целта е да се забрза ресорпцијата на отокот на два начини: со зголемување на притисокот и зголемување на циркулацијата на крвта и лимфата во самиот зглоб и неговата непосредна околина.

За таа цел користиме електротерапија, ласер, ултразвук, топли или топло-ладни процедури, но и т.н. пресотерапија. Како дополнителна помош може да помогне и краткотрајно носење на еластични завои и преврски.

Вториот дел е функционално лекување чија цел е да се санира мускулно-тетивниот систем кој го опкружува самиот зглоб, а се изведуваат индивидуално дизајнирани вежби.

Со тоа мора да се зацврстат мускулите, да се подобри флексибилноста и да се забрза нивната реакција, а сето тоа со цел да се намали оптеретувањето на веќе оштетената ’рскавица во самиот зглоб, што има за последица намалување или отстранување на отокот.

ЛЕКОВИ И АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

Од сето наведено, јасно е дека „вода во колено“ не е проблем сам по себе, туку показател дека со коленото не е се’ во најдобра состојба. Да се одредува по величина на самиот оток дали состојбата се подобрила или не, не е препорачливо.

Како и во повеќето случаи, станува збор за хронични состојби, кои бараат трајна грижа, најдобро е самото лекување, а особено дијагностиката да му се препушти на експерт, и да се следат неговите совети.

Во зависнот од поставената дијагноза докторот може да препише:

Лекови против болка – за да се ублажи болната состојба во коленото, додека да се излекува болеста.

Антибиотик – ако симптомите се предизвикани од инфекција.

Кортикостероиди – кортикостероидите се ефикасни, но може да предизвикаат и сериозни нуспојави па со нив треба внимателност.

Сепак постојат и некои работи кои можете да ги направите и дома, за намалување на отокот или барем да ги ублажите болките:

* Воздржувајте се од поголеми физички активности кои подразбираат претерано напрегање на колената.
* Отокот лекувајте го со мраз 3-4 пати дневно по 20 минути (мразот не го ставајте директно на кожа, туку во крпа или на газа).
* Кога лежите, стапалото држете го во елевација, подигнато на перница.
* Користете креми или мевлеми кои содржат арника и гавез.
* Топлите облози од камилица исто така се покажале како делотворни.

Природно лекување на вода во колено

Ви претставуваме проверен рецепт со кој засекогаш ќе се ослободите од проблемот кој кај народот е познат како „вода во колено“.

Потребни состојки:

1 грст (една рака) грав
1 кеса од замрзнувач од 2-3 литри
1 памучна крпа
1 ленена крпа
1 волнена крпа

Постапка:

Секоја вечер (пред спиење) земете една рака (полна) грав, измијте го и ставете го да зоврие. Од моментот на зовривање варете уште 15 минути. Потоа процедете го гравот па малку изладете.

Гравот нека биде доволно топол а вашето колено да може да ја издржи топлината, но да не биде ладно и никако прежешко за да не се изгорите. Гравот ставете го на крпа со големина на вашето колено. Преку неа ставете кеса за замрзнување, па ленена крпа, па волнена крпа.

Коленото добро фиксирајте го а следниот ден отстранете ја облогата. Постапката повторувајте ја секоја ноќ, во текот на 40 дена.

Ќе се уверите во резултатот и со задоволство ќе го споделувате овој рецепт со други кои имаат ист ваков проблем!

ОБЛОГА ОД ЈАЈЦА

Болките и вода во колено настанати од повреда, ќе ги отстраните со едноставна облога:

Потребни состојки:

1 жолчка од свежо јајце
1 супена лажица сол

Количината сами одредете ја, според потребата, запазувајќи го истиот сооднос.

Постапка:

1.Состојките добро измешајте ги.

2.Смесата нанесете ја на повреденото колено.

3.Облогата фиксирајте ја со проѕирна фолија или најлон кеса, па одозгора зацврстете со еластичен завој.

Оваа облога се повторува на секои два часа, односно се става нова, со свежа жолчка. Во текот на денот е потребно е да се сменат пет облози.

Loading...