Штрудличките со сирење се идеални за сите прослави или било какви домашни собири. Може да се сервираат како топло предјадење или како одлична вечера во вашиот дом за целото друштво додека гледате филм…

Потребни состојки:

500 г брашно
100 г путер/маргарин
100 мл масло
1 јајце
½ лажичка сол
½ коцка (20 г) квасец
100 мл млеко
1 лажичка шеќер

За фил:

300 г кравјо сирење
1 жолчка
100 мл јогурт
За премачкување:
1 жолчка
50 г сусам

Постапка:

Во 100 мл млака вода помешајте лажичка шеќер и квасец. Оставете 10-тина минути да се активира. Од друг сад пригответе ги останатите состојки и додадете го активираниот квасец.

Замесете тесто и покријте го со крпа. Оставете го околу половина час на топло за да го удвои волуменот. Стасаното тесто премесете го и поделете го на два помали делови, па со оклагија развлечете ги што потенко. Сирењето, јогуртот и жолчката добро измешајте ги.

Развлеченото тесто премачкајте ги со половина фил. Премачканата кора свиткајте ја во ролат. Исто така постапете и со втората половина од тестото и филот. Свитканите штрудли исечете ги на помали штрудлички. Премачкајте ги со жолчка (разматена со вилјушка) и одозгора наросете ги со сусам.

Наредете ги во намастен плех и печете ги околу 25 минути на температура од 250 степени. Печените штрудлички извадете ги од рерна и прекријте ги со крпа неколку минути.