Лушпите од псилиум (Plantago ovata) се познати како природен лаксатив кој ја апсорбира водата во цревата и ја прави столицата многу помека при запек. Псилиумот е едногодишно растение со тесно стебло и многу тесни лисја.

На врвот на стеблото има цвеќиња. Псилиумот расте во Индија, Мала Азија и Јужна Европа. Запекот е се почест проблем кај повеќето луѓе, што се должи на секојдневна, нездрава исхрана и често може да предизвика голем број здравствени проблеми, како што се хемороиди.

Снегулките од псилиумот најчесто се препорачуваат за луѓе кои често имаат запек, но кон-сумирањето на овие снегулки може да помогне и при други здравствени заболувања. Десет грама псилиумови снегулки на ден може да помогне во лекувањето на Кронова болест.

Главната особина на лушпите од псилиум е хигроскопичност, односно својство на цврсти или течни материи да апсорбираат или задржуваат вода / влага од околината. Лушпите од псилиумот содржат влакна, липиди и незаситени масни киселини. Псилиумот не содржи маснотии ниту протеини.

Студиите покажале дека псилиумовите лушпи можат да помогнат во регулирање на холестеролот во кр-вта што го намалува ризикот од срцеви заболувања. Правилното и здраво ниво на холестерол е многу важно, особено за луѓето постари од 50 години.

Исто така псилиумот помага во намалување на кр-вниот притисок и регулирање на нивото на липиди и зајакнување на срцевиот мускул. Снегулките од псилиум се одличен избор за следниве состојби и болести: хроничен запек, синдром на иритирани црева, рак на дебелото црево, дијабетес, срцева болест, улцеративен колитис, Кронова болест, дијареа, дивертикулоза, л ошо и бавно варење, висок холестерол.

Одржувањето здрава тежина е проблем за многу луѓе, особено за оние со хронични болести и состојби како што се дијабетесот. Покрај намалувањето на ризикот од срцеви заболувања и регулирање на нивото на шеќер во кр-вта, псилиумот може да помогне и во губење на вишокот к илограми.

Со својата способност да апсорбира, псилиумот обезбедува чувство на ситост, што помага да ја контролирате количината храна што ја внесувате во организмот, но и при регулирање на нивото на шеќер во кр-вта, што е исклучително погодно за луѓе со дијабетес тип 2.

Снегулките од псилиум се особено ефикасни кога станува збор за запек. Иако снегулките од псилиум немаат негативни ефекти врз здравјето, внимавајте на количината во која ги кон-сумирате.

Лушпите од псилиум може да се користат подолго време без појава на несакани ефекти. Псилиумот е особено корисен кога станува збор за луѓе кои имале опера-ција на карлицата или некоја друга тра.ума во карличната област. Иако псилиумот е класифициран како лаксатив, тој има смирувачки ефект во случај на дијареа.

Снегулки од псилиум може да ги користат бремени жени и доилки. Сепак, пред да одлучите да ги користите, не заборавајте да се кон.султирате со вашиот лекар. Псилиумот може да се најде на пазарот во форма на капсули, прав или снегулки. Псилиумот најдобро се подготвува на следниов начин:

Постапка: Измешајте 1 – 3 лажички псилиумови снегулки во 250 мл вода, јогурт или кефир. Напитокот испијте го веднаш, пред смесата да се претвори во желатинозна маса. За подобрување на дејството на псилиумот, кон-сумирајте многу течности во текот на денот.

Вкусот е напитокот благ и дава пријатно чувство. Најдобро е да го пиете напитокот навечер и важно е да го испиете во првите 2 минути бидејќи лушпите веднаш набубруваат. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска