Во цревата се наоѓа најголемиот дел од нашиот имунолошки систем и затоа многу е важно тие правилно да функционираат.

Многу е важно да се спроведува редовно чистење на организмот за да се исчисти од токсините. Постојат различни методи на детоксикација, а еден од најдобрите методи е чистењето со ориз.

Исфрлањето на токсините со помош на ориз дава одлични резултати, а иако има свои нијанси и варијации, многу е корисно.

-земете обичен ориз, онолку супени лажици колку што имате години.
-добро измијте го и ставете го во стаклена тегла.
-теглата наполнете ја со топла преварена вода, затворете со капак и оставете ја во фрижидер.
-наутро целата вода процедете ја.

-земете 1 супена лажица и варете ја 3-4 минути без сол (во друга, обична вода).
-изедете го сварениот ориз на празен стомак, најдобро во 7:30 часот наутро.
-преостанатиот ориз повторно прелијте го со превриена вода и изладена вода, па оставете го во фрижидер до следниот ден.
-оваа постапка за прочистување на организмот повторувајте ја секој ден, додека има ориз во теглата.

Тајната на овој метод се крие во зрното на оризот, кое има кристална структура. Кога зрната ќе се потопат во водата, од нив се плакне скробот. Оризот се вари во цревата, а не во желудникот, па неговите зрна делуваат како апсорбент (впивач).

Со овој метод се прочистуваат цревата, крвните садови, зглобовите и други делови од организмот, од токсини, тешки метали и други штетни материи. Чистењето на организмот со ориз помага да се нормализира метаболизмот и да се регулира вишокот телесна тежина.

После третманот ќе се чувствувате не само поздраво, туку и помладо.

Постои само еден услов: после консумирањето на оризот наутро, не смеете ништо да јадете и пиете најмалку 3 часа.

После ваквото чистење на организмот, исчезнуваат болките во грбот, вратот, зглобовите. Ефектот на третманот не е моментен, туку постепен. Не заборавајте да пиете вода, најмалку по 2 литри дневно. Освен вода, добро е да пиете и зелен чај.