Ако подолго време сте во потрага по природни начини и препарати за отстранување на непријатниот мирис и жолтите дамки во тоалетната шолја, тогаш можеби е време да се послужите со овој многу едноставен метод кој многумина го споделија на социјалните мрежи.

Ако сакате да го олесните и поедноставите чистењето на бањата, тогаш одвечер ставете чешне лук во тоалетната шолја и оставете го тука да преноќи.

Лукот содржи алицин кој му дава силен специфичен мирис. Но, покрај мирисот, алицинот е многу делотворен во борбата против бактериите и габичките, не само во нашето тело, туку и на неочекуваните места каде што имаат добра подлога за раст и развој.

Едно такво место е токму нашата бања. Откако ќе преноќи чешнето лук, наутро е потребно само да пуштите вода. Ако го повторувате овој процес двапати седмично, тогаш во во вашата шолја ќе има многу помалку бактерии. Лукот исто така, успешно делува и против жолтите наталожени дамки. Повеќе ОВДЕ.

II НАЧИН:Секогаш ќе ви биде чист и миризлив тоалетот без рибање ако ги направите овие домашни шумливи бомбици

Сите се прашуваат како полесно да ја одржуваат чистотата на тоалетот и тој секогаш убаво да мириса. Па еве една одлична идеја за освежување и дезинфекција на ВЦ школката и целата бања со помош на домашни, шумливи, миризливи бомбици.

Природно, еколошки чисто, без хемикалии. Идејата одлично функционира, а се приготвуваат многу едноставно. Всушност, користењето на таквите бомбици е вистинско задоволство. ВЦ школката е чиста а тоалетот е миризлив.

Потребни состојки: сода бикарбона, лимонтус (лимонска киселина), етерично масло (лаванда, ментол, портокал, лимон и сл.)

Прибор: длабок сад, силиконска шпатула/лопатка (дрвена или пластична лажица), распрскувач со малку дестилирана вода, силиконски калапи (не е задолжително)

Постапка: на еден дел лимонтус постребни се 2,5 дела сода бикарбона и 25-30 капки етерично масло. На пример, јас ги правам од 100 г лимонтус, 250 г сода бикарбона и 50 капки етерично масло од портокал. Како резултат добив 20 бомбици за што ми беа потребни околу 20 минути.

Во еден длабок сад помешајте ги содата и лимонтусот. Во смесата додадете етерично масло и повторно добро промешајте. Во смесата можете да додадете и некоја боја во прав, а можете да ја оставите и безбојна.

Во еден распрскувач налејте вода, но најдобро е да користите провриена ладна или филтрирана вода. Сега доаѓа клучниот момент. Испрскајте ја смесата и промешајте. Не влажнете премногу! Само малку.

Подобро е да потрошите малку повеќе време на приготвување, отколку да ја расипете смесата, бидејќи поради голема количина на вода, содата и лимонтусот моментно ќе стапат во реакција, смесата ќе се активира и ќе се расипе смесата. Потребно е да се испрска смесата околу 10 пати. Не треба да биде премногу мокра, туку само малку навлажнета.

Во силиконските калапи со лажица или со рака (задолжително носете ракавица) префрлете ја смесата. Не притискајте премногу зошто ако се премногу стегнати бомбиците потешко ќе се растопуваат во водата. Не ги преполнувајте калапите, полнете ги само до половина за да може смесата уште да расте. Не мора да користите силиконски калапи, можете и со раце да правите топчиња.

Оставете ги бомбиците на собна температура да се исушат 3-4 часа. Чувајте ги во пластичен сад или во стаклена тегла. Едноставно фрлете една бомбица во ВЦ школката. За време на „вриењето“ бомбицата чисти, освежува и го дезодорира воздухот во тоалетот.

Резултат: чиста ВЦ школка и мирисна просторија. Бомбиците можете да ги наредите во бањата, многу убаво мирисаат (10-15) дена, а кога ќе го изгубат својот мирис, само фрлете ги во ВЦ школката.

III НАЧИН: Ако се нафатил бигор на ВЦ шолјата, еве како најлесно ќе го отстраните на сосем природен начин. Обично кога подолго време отсуствуваме од дома, кога ќе се вратиме ја затекнуваме ВЦ шолјата во неред, со нафатен бигор и мувла. Ова често е случај со викендиците.

Но покрај упорното триење со четката, овие дамки и бигорот никако не можат да се отстранат. Меѓутоа, пронајдовме еден генијален трик кој не е токсичен и не чини скапо, а сепак е ефикасен и делува. Со овој едноставен трик ќе ја исчистите тоалетната шолја на сосем природен начин.

За овие упорни дамки главниот виновник е „тврдата“ вода. Таа во себе содржи многу минерали, како што се бигор, калциум и силициум диоксид. Иако редовно ја чистите ВЦ школката, дамките и натаму остануваат, а употребата на разни хемикалии неповолно влијаат врз вашето здравје, посебно на децата.

Наместо да трошите часови и часови во чистење, погледнете ја снимката подолу, и ослободете се од досадните дамки кои сигурно ги имате дома. За почеток е потребно да ја исфрлите целата вода од ВЦ школката, а потоа внатре да истурите оцет.

Земете тоалетна хартија, натопете ја во оцетот, па залепете ја околу школката (како што ќе видите на снимката). Вака нека преноќи, потоа истријте со четката, а резултатот ќе ве изненади! Погледнете го видеото ОВДЕ.

Коментар на Сузана Атанасова: „Пред спиење во wc шолјата истурам две кесички прашок за печиво и алкохолен оцет и така оставам да преноќи до изутрина. Потоа со четка се протрива и сè што било заравено на дното многу лесно излегува.“