I РЕЦЕПТ. Вообичаено овој турски десерт го приготвуваме со ориз кој прво се вари во малку вода, потоа му се дотура млеко и на крај се става шеќерот кога оризот е целосно омекнат. Но, овој рецепт е нешто посебно.

Потребни состојки: 6 шолји (од 200 мл) вода, 2 шолји ориз, 3 шолји млеко, 15 лажици шеќер, 2 ванилин шеќер, 1 пудинг од ванила, Цимет за наросување, по желба

Постапка: Ставете на оган водата да зоврие, додајте го оризот и мешајте за да не загори. Кога речиси е готов, додајте млеко, шеќер и ванилин шеќер. Пред крај, малку да се тргне од оган, кога сè уште е редок, додајте го пудингот претходно промешан со малку млеко.

Кратко вратете на оган да удри уште еден клуч и тоа е тоа… Врелиот сутлијаш ставете го во влажни садови, а доколку сакате одозгора наросете цимет. Може да се додаде и суво грозје, во изворниот рецепт го има, но јас не го ставам.

II РЕЦЕПТ – Класичен рецепт за СУТЛИЈАШ со 1 литар млеко и 1 чаша (200г) ориз. Фотографија и рецепт на Јелена Павловиќ

Веројатно многумина ќе речат зошто овој рецепт кога сите го знаеме и го правиме. Навистина, општо е познат, но има и мали „готвачки тајни“ кои овој едноставен десерт може да го направат совршен. Ова е начинот на кој јас го приготвувам, па можеби ќе ви послужи ако се двоумите како да го направите.

Потребни состојки: 1 литар млеко, 200 г ориз, 1 прстофат сол, 8 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, малку цимет, 1 лажичка путер ( не мора ако не сакате), вода колку да се прекрие оризот и уште 150 мл вода подоцна

Постапка: Оризот добро измијте го и исплакнете го, па ставете го на оган да се готви. Ставете вода колку да биде прекриен оризот и прстофат сол. Мешајте додека да зоврие, па додајте околу 150 мл вода, но не одеднаш, туку малку по малку, на неколку наврати.

Како што оризот ќе набабрува а водата испарува, вие полека додавајте вода и цело време мешајте за да не ви загори на дното. Кога водата ќе испари, започнете со додавање на млекото, на ист начин, полека и постепено, а за цело време мешајќи, додека да ја потрошите целата количина.

На овој начин сутлијашот би требало да биде готов за околу 20 минути. Тргнете го тенџерето од рингла, додајте ванилин шеќер и обичен шеќер, промешајте и вратете уште некоја минута да се вари. Во оваа фаза можете да додадете и мала лажичка путер, но не е задолжително ако не сакате.

Оставете го сутлијашот малку да одмори, па распоредете го во соодветни чинии. Преку сутлијашот наросете цимет. Уживајте! / Фотографија и рецепт на Јелена Павловиќ. Коментар на Cvetanka Mazneva Pop Petrova: “Кога на оваа количина пред крај ќе се додаде 1 кафена лажичка нишесте разматено со малку вода се добива превкусен сутлијаш.”

III РЕЦЕПТ – Сутлијаш ко сутлијаш, но ова е рецепт за млади домаќинки, со мали трикови како да не загори, без мешање. Фотографија и рецепт на Нермина Јордамовиќ

Има различни рецепти за сутлијаш, ова е мојот, излегува малку потечен, но таков го сакаат моите. И она што е најдобро кај овој рецепт: не треба постојано да стоите врз шпоретот и да внимавате дали претекло или загорело.

Потребни состојки: 1 литар млеко, 1 литар вода, 4 филџани ориз, 4 филџани шеќер, 1 ванилин шеќер, (1 филџан = 60 грама)

Постапка: сите состојки (ладни) измешајте ги во еден поголем сад. Ставете на оган и мешајте додека да зоврие. Намалете го огнот и потоа мешањето веќе не е потребно, само повремено. Варете на тивко околу 20-30 минути во зависност од оризот. Нема ниту да ви претече, ниту да ви загори. / Фотографија и рецепт на Нермина Јордамовиќ

IV РЕЦЕПТ – Сутлијаш со пудинг од ванила – Неодоливо кремасто уживање. Фотографија и рецепт на Лазаревиќ Гоца – пудинг од ванила.

Потребни состојки: 200 г ориз, 1 литар вода, 500 мл млеко, 1 кесичка пудинг од ванила, 10 лажици шеќер и 1 кесичка цимет или по вкус.

Постапка: оризот измијте го со ладна вода, па ставете го во тенџере заедно со водата на оган додека да зоврие. Потоа намалете ја температурата и оставете го да се вари додека да набубри со повремено мешање. На страна измешајте го прашокот за пудинг, најпрво во помала количина за да нема грутчиња, а потоа додадете го и преостанатото млеко.

Кога оризот е пред крај со варењето додадете го разматеното млеко со пудинг, а потоа и шеќерот. Почекајте млекото малку да проврие, промешајте и тргнете на страна малку да излади, па полнете ги украсните чаши и послужете со наросен цимет одозгора. / Фотографија и рецепт на Лазаревиќ Гоца

V РЕЦЕПТ: СУТЛИЈАШ СО СЛАТКА ПАВЛАКА И БЕЛО ЧОКОЛАДО

Потребни состојки: 200 г ориз, 100 г бело чоколадо, 100 г суво грозје, 1 лажица мед, 200 мл слатка павлака, 400 мл млеко, 1 ванилин шеќер, кора од лимон за вкус.

Постапка: Оризот добро измијте го и ставете го да се вари со малку вода. Кога ќе проврие водата, додајте млеко и павлака, рендана кора од лимон и суво грозје. Гответе на многу тивок оган околу еден час со повремено промешување. На крај кога ќе згусне додајте ванилин шеќер и бело чоколадо. Декорирајте по желба со сечкани бадеми или лешници и уживајте во вкусот!

VI РЕЦЕПТ – Сутлијач со чоколадо – брзо, евтино и едноставно. Ориз сварен со чоколадо е еден брз десерт кој сигурно ќе ви се допадне. Количините се произволни, па така, можете да додавате или да одземате од состојките по вкус.

Потребни состојки: 300 г ориз, 200 мл млеко, 1 чоколадо, 7 лажици шеќер или кафеав шеќер, ½ пудинг од ванила или чоколадо, 1 литар вода или соино млеко, сечкани бадеми, ореви или чоколадо за декорација одозгора

Постапка: Оризот измијте го во неколку води и префрлете го во тенџере со вода да се вари. После 10 минути варење на умерена температура, додајте го шеќерот и промешајте да се растопи. Во друг сад измешајте млеко, пудинг (или густин) и промешајте да нема грутчиња.

Во оризот додајте искршено чоколадо на коцки и мешајте за да се растопи. Потоа додајте го изматениот пудинг и постојано мешајте додека да згусне, исто како кога варите пудинг. Потоа тргнете го на страна, оставете малку да подизлади и сервирајте го во помали десертни чаши.