Истражувањата спроведени ширум светот потврдиле дека семките од грејпфрутот имаат магични моќи кога станува збор за човековото здравје.

Утврдено е дека дури и најмала доза од екстракт на масло добиено од семките на ова овошје има ефикасно дејство во борбата и превенцијата против стотици разни штетни бактерии, вируси, габички и паразити.

Грејпфрутот е делотворен и како превентивно средство во заштита од инфекции. Екстрактот од семки од грејпфрут содржи биофлавоноиди, глукозиди и Ц витамин. Маслото се приготвува од семките и одредени состојки од пулпата на ова овошје.

Активните материи од семките имаат својство да ги “изгледнуваат” предизвикувачите на болести, а притоа не му нанесуваат никаква штета на човековиот организам.

На тој начин маслото добиено од семки од грејпфрут ги уништува вирусите, габичките и паразитите на целосно природен начин и без употреба на лекови.

Маслото од грејпфрут се покажало како многу делотворно и во случај на разни желудочни и цревни тегоби, габични заболувања на кожата и слузокожата, кај настинки, инфекции на грло, уво, нос, нокти, воспаление на заби и непца и вагинални инфекции.

Маслото се користи внатрешно и надворешно, а може да служи и како дезифициенс поради своите силни антивирусни и антибактериски својства.

Исто така, многу е делотворно и за разградување на вишокот масти и проблеми со целулитот, а благопријатно делува и врз кожа која е склона на инфекции, акни, егземи и воспаленија.

Многу позитивно делува врз расположението, го намалува стресот и ги ублажува симптомите на депресија. Се применува и како ароматерапија, со додавање во базни масла и во бањите, за инхалација и испирање на грлото.

Може да се користи и за дезинфекција во домаќинството, за дезинфекција на месото, овошјето и останатите намирници и како конзерванс при подготовката на зимница.

Со еден збор, ова масло делува речиси против сите штетни патогени микроорганизми кои секојдневно го напаѓаат нашето тело.

Пред употреба консултирајте се со вашиот лекар.