Фотографија и рецепт на Билјана Ристиќ. Овој колач го правеше баба ми, па мајка ми, а сега јас и целата фамилија го имаме истиот рецепт. Не сум баш сигурна дали и каква поврзаност има со далечните предели, ама во секој случај колачот е вкусн и лесно се приготвува.

Во подготовката не се користат никакви течности, без млеко и јогурт, без путер и масло. Малку путер се користи само за да се намасти куглофот. Јајцата не треба да се матат, туку само се додаваат во јаболката и се мешаат. Јаболката ќе отпуштат доволно течност.

Потребни состојки: 4 големи киселкасти јаболка, 1 чаша шеќер, 1 ванилин шеќер
рендана кора од лимон, 1 чаша сечкано суво овошје по ваш избор, 1 чаша сечкани ореви или други јаткасти плодови, 1 чаша измиено и натопено суво грозје
зачини по желба (цимет, ѓумбир, кардамом…).

Уште ќе ви бидат потребни: 2 јајца, 1 прашок за печиво, 1,5 чаша брашно. За мерење се користи чаша од 200 мл. Постапка: Јаболката убаво измијте ги, излупете ги, па ситно исечкајте ги на коцкички. Наросете ги со чаша шеќер, додадете лимонова кора и ванилин шеќер.

Убаво промешајте за да се соединат состојките и оставете ја смесата на страна да отстои малку. По неколку минути додадете ги пенасто изматените јајца со една чаша шеќер (доволно да се измати додека да побелат јајцата) и остатокот од состојките што претходно се наведени.

Добро промешајте за да добиете убаво изедначена смеса (промешајте со превртување со помош на лажица) па излејте ја во намастен куглоф или друг калап по ваш избор. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 45-50 минути или проверете со чепкалка кога е готово.

Печениот колач кога ќе излади одозгора наросете го со шеќер во прав или прелијте го со чоколадна глазура и уживајте во вкусот.

Фото и рецепт: Иванка Цизмиќ