Британските лекари предупредуваат дека радикалните детоксикации на организмот, особено после празници и прекумерно уживање во храна и пијалаци, може да бидат изразено штетни по здравјето.

Тие го наведуваат случајот со една жена од минатата година која се довела во животно опасна ситуација после извршената детоксикација со билни препарати, односно со коктели од витамин В, корен од валеријана, сурутка и пиење на големи количини вода.

Оваа 47-годишна жена закрепнала дури после интензивно лекување во болница, каде доспеала по губење на свеста. Тестовите покажале дека имала исклучително ниско ниво на сол во организмот.

Иако се чини корисно оргнизмот да се исчисти после претерување со храна си пијалаци за време на божиќните празници, тој концепт не е нужно здрав и нема поддршка меѓу лекарите, објавил British Medical Journal.

Погрешно е тврдењето дека водата може да помогне при детоксикација?

– Прекумерниот внес на вода како и начинот на “чистење на организмот” се базира на погрешно верување дека така штетното може да се “испере” од организмот – наведуваат лекарите.

Тие додаваат дека и покрај агресивните реклами и тврдења кои се пласираат поради маркетинг, билните суплементи, сепак, имаат несакани дејства. Британскиот диететски сојуз дури оценува дека целата идеја за детоксикација е всушност глупост.

-Не постојат волшебни таблети, напитоци, лосиони или фластери. Телото е составено од бројни органи, како што е кожа, бубрези и црн дроб кои постојано го прочистуваат организмот од глава до пети – потсетуваат лекарите.

Организмот треба да биде хидриран, но премногу вода може да биде еднакво опасно како и премалку. Иако звучи предвидливо, разумната исхрана и редовната физичка активност е најдобрата стратегија за одржување на здравјето, закличе тие.