Последниот хит на Интернет кога станува збор за рецепти на колачи, е токму овој, за кој корисниците на социјалните мрежи велат, дека “толку е добар, што ќе заплачете од среќа!”

Па да го пробаме!

Најубавите работи во животот честопати се и наједноставни. Таков е случајот е колачите, а овој е дефинитивно од таквите од кои тешко ќе можете да се заситите.

Овој превкусен колач во рецептот не содржи овошје, како обично сме навикнале кај чискејковите, но токму поради тоа е многу поедноставен за приготвување.

Потребни состојки:

Подлога од лиснато тесто (купечко)
500 г крем сирење
1 јајце
1 шолја (од 200 мл) шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
2 лажички цимет во прав

Постапка:

Додека ги мешате состојките, рерната загрејте ја на 180 степени. За тоа време, во чинијата изматете крем сирење со миксер, додека смесата да стане мазна и кремаста.

Потоа додадете половина шолја шеќер, јајце и ванила, па продолжете и уште малку матете.

Лиснатото тесто развлечете го да биде колку може потенко, па поделете го на два еднакви делови, според површината на тепсијата (средна величина) во која ќе го печете колачот.

Во помал сад, измешајте го преостанатиот шеќер со циметот и потоа половина од таа смеса наросете ја рамномерно на дното од тепсијата.

Преку шеќерот нанесете ја едната кора, па врз неа рамномерно нанесете го кремот. Прекријте го со втората кора, а одозгора наросете со остатокот од мешавината на шеќер и цимет.

Колачот ставете го да се пече околу половина час, а потоа, пред да го исечете оставете го целосно да излади. Уживајте во прекрасниот вкус.